Четврток, 08 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Проф. д-р Христијан Мицкоски: Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!
 
hristijan 2
Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски.
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија да им го честитам  8-ми Декември денот кога го чествуваме делото на големиот просветител Свети Климент Охридски.
Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.
Свети Климент не се штедел себе, и целиот свој живот го поминал помагајќи на другите, така денес е еден од најзначајните темели и на МПЦ-ОА.
Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговата мисија за описменување имаше за цел да се спротивстави на однародувањето и асимилацијата. Нашата култура, јазик и идентитет се посебно обележје со кои што треба да се гордееме и да ги чуваме. Но и делото на Свети Климент е завет да изградиме генерации кои со своите силни капацитети ќе се спротивстават на било која злоупотреба, атак или современа форма на поништување.
Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив. Денес грамотен народ може да се спротивстави на современото зло на корупцијата и криминалот кој ја уништуваат нашата заедница и држава. Грамотен народ може да се спротивстави на владејачки елити кои го злоупотребуваат народот до исцрпување.
Гордост и успех за нас е да направиме силни, образувани и успешни генерации да ја продолжат борбата за успешна македонска иднина тука во Македонија.
Мисијата на Свети Климент Охридски треба да е поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност како должност и аманет.
Со право го славиме Свети Климент чие духовното, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија.
 
 
 

Со почит,

проф. д-р Христијан Мицкоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.