Среда, 14 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Антимакедонските, антисториски и антиуставни "обврски" на марионетската влада Заев/Ковачевски не се обврска на Македонскиот народ и на државата

1svg9 СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ГЛАСАЊЕТО ЗА ВПИШУВАЊЕ НА СОФИСКИ ВРХОВИСТИ И КОЛАБОРАЦИОНИСТИ КАКО "ЕТНИЧКИ БУГАРИ" ВО УСТАВОТ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА Е ВО СПРОТИВНОСТ СО РЕФЕРЕНДУМИТЕ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 И 30 СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА, КАКО И СО МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС за антимакедонска, антиисториска и антиуставна ја смета изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за порталот Прес24 дека: "Гласањето против уставните измени, значи игнорирање на обврските кои ги презела државата и со тоа, по завршувањето на скринингот, буквално по автоматизам ќе бидат блокирани преговорите."

Антимакедонските, антисториски и антиуставни "обврски" на марионетската влада Заев/Ковачевски не се обврска на Македонскиот народ и на државата Македонија!

СМК смета дека тоа што марионетската влада Заев/Ковачевски превзела обврски во спротивност со одлуките на референдумите од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година, суспендирајќи ја слободно изразената волја на народот односно граѓаните, не е демократија, туку најтешко кривично дело велепредавството, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!

СМК повторува дека гласањето за внесување на софиски врховисти и колаборационисти како "етнички Бугари" во Уставот на државата Македонија претставува суспензија на одлуката на референдумот од 8 септември 1991 година и одлуката на референдумот од 30 септември 2018 година.

СМК потсетува дека речиси четири петини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година ГЛАСАА ЗА "суверена и самостојна држава Македонија" бе додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок!

СМК потсетува дека речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година НЕ ГЛАСАА " за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот Димитров-Коѕиас" од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

СМК повторува дека гласањето за внесување на софиски врховисти и колаборационисти како "етнички Бугари" во Уставот на државата Македонија е во спротивност со основниот принцип на меѓународното право на "суверена еднаквост" што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави, и реципроцитет во меѓусебните односи!

СМК смета дека Бугарија грубо се меша во внатрешните работи на државата Македонија, отворено изразува територијални претензии и не ги признава името, јазикот, културата, црквата, историјата и територијата, идентитетот, континуитетот, наследството и просторот на Македонскиот народ кој е мнозински народ во државата Македонија и носител на државноста на Македонија!

"Етнички Бугари" во Албанија, Косово и Македонија НЕМА!

Впишувањето на софиски врховисти и колаборационисти како "етнички Бугари" во Уставот на државата Македонија го менува карактерот на народно-ослободителната и антифашистичка борба на Македонскиот народ за време на Втората светска војна, ја менува историјата на Македонскиот народ чие име е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат впишување на софиски врховисти и колаборационисти како "етнички Бугари" во Уставот на државата Македонија!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат итно и безусловно еднострано распуштање на меѓувладината заедничка македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат заедничко македонско-бугарско чествување на значајни датуми, настани и личности од историјата на Македонија и Македонскиот народ!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, предлагаат историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на "еднаква сувереност" што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави, и реципроцитет во меѓусебните односи!

СМК повторно укажува дека Македонското прашање не е малцинско прашање, и министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, поради конфликт на интереси, не може да ги решава македонско-бугарските односи, ниту да чествува датуми, настани и личности од историјата на Македонија и Македонскиот народ заедно со министерот за надворешни работи на Бугарија која не признава Македонски народ и држава!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.