|
||||
Тодор Петров:ВО ОПШТИНА МАЛИЌ ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА МАКЕДОНЕЦОТ НИКОЛА КАЛФА |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА Познатиот претприемач Ѓерѓ Луца, пред една година најави заживување на поранешната фабрика за шеќер во општина Малиќ, враќајќи и го стариот сјај преку инвестиции и работа. Уништените магацини за брзо ќе бидат новиот дом на “Rozafa Fish City“ во југоисточната општина на Република Албанија. Ѓерѓ Луца се пофали дека подигнал споменик во чест на Никола Калфа, кој ја водел фабриката на шеќерот во славните години. - Овој човек овде е Никола Калфа, поранешниот директор на комбинатот кој учествуваше во изградбата на овој голем комбинат. Го водеше со илјадници вработени, од Корча, од околината, од Малиќ. Затоа го изработивме првиот споменик за спомен на овој великан, - вели Луца. Луца нагласува дека пожртвуваноста и работата на таквите луѓе треба да се промовира кај сите млади луѓе, заради нивна мотивација за живот и работа во Албанија. Никола Калфа е со македонско потекло од селото Врбник, областа Девол. Врбник е македонско егејско село во Албанија. |