|
||||
СДС покажа дека Ковачевски е предводник на криминализирана структура |
ВМРО-ДПМНЕ : Полупразната игранка пред кооперација на СДС покажа дека Ковачевски е предводник на криминализирана структура која жестоко ќе биде поразена од народот на предвремени избори Досадни настапи, полни со веќе видени лаги. Полупразната сала која наликуваше на игранката пред кооперација покажа дека со Ковачевски и Зечевиќ е завршено. Тие се предводници и на чело на криминалната структура која управува со земјата. И тие ќе бидат жестоко поразени од народот на предвремени парламентарни избори. Ковачевски со своите политики покажа дека е најголемото промашување на СДС. Наместо да кажува басни и однапред напишани говори добро беше да даде одговор: Како тоа криминалци и пробисвети кои се во брак со власта наместо во затвор стануваат угледни граѓани на оваа држава? Како тоа луѓе кои се невини се влечат по затворите додека најголемите криминалци се најдобри пријатели на владата? Како тоа партиските штабови на СДС ги наполнија судските институции и праводсудството? Како оди Македонија напред кон ЕУ кога нема преговори туку нови уцени на штета на нашиот идентитет? Кој проблем го решија Ковачевски или СДС овие години? Лебот не поевтини, струјата поскапи. Компаниите не добија поддршка, а инфлацијата го осиромашува народот. Место на големата маса на ЕУ нема за арамии и луѓе кои ја разградуваат Македонија. Место на големата маса на ЕУ нема за премиер кој брои милиони преку фирми како што тоа го прави во аферата Броило на грбот на осиромашувањето на народот. Ниту пак за членови на влада кои се папочната врвка со криминалот во државата. Ковачевски е заложник и слуга на ДУИ, и Ахмети. Вазалството негово се гледа во тоа што државата е блокирана, а ДУИ се однесува како стопан на Ковачевски и СДС. Ахмети на сиџимче го држи Ковачевски, и ДУИ освен институции и власт си го има Таче. Од друга страна игранката пред кооперација на СДС покажа дека Ковачевски е во целосен дослух со Данела Арсовска. Тој наместо да ги осуди нејзините лаги ги надогради. Сега е јасно што се договарало на тајните средби, и дека се лице и опачина на истата паричка која е криминогена матрица која ја разградува државата. Крајот им доаѓа. Со криминалци европска индина нема. А нивниот крај ќе го донесе народот на предвремени парламентарни избори. Таче не чекај до 2024 година, ајде на избори сега! |