Понеделник, 19 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Власта полна со злоба ги казнува граѓаните кои не гласаа за нивни кандидати

1kri1

Мицкоски: Власта полна со злоба ги казнува граѓаните кои не гласаа за нивни кандидати и не дозволува во Македонија да се развива и да се реализираат капитални проекти

„Власта ги казнува жителите на општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ затоа што не гласаа минатата година за предлозите на СДСМ. Народот не гласаше затоа што тие беа неуспешни и беа криминални и тоа народот повеќе не сака да го гледа и затоа на избори гласаше за луѓето кои што денеска и покрај сите опструкции, покрај сите кочници кои ги имаат, испорачуваат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање за неодобрувањето општински обврзници од страна на власта, со кои би се реализирале капитални проекти кои значително ќе го подобрат животот на македонските граѓани.

Како пример го посочи и Свети Николе каде што со сопствени општински средства се изгради спортската балон сала, исто така правени се улици и проекти со сопствени средства и покрај тоа што власта врши притисок и ги крати средствата, но, со домаќинско и чесно работење, во рамките на можностите се реализира програмата, повеќе од 90% од капиталните проекти предвидени во буџетот се реализирани.

Мицкоски посочи дека со оваа целта на власта е ги кочи овие општински обврзници, кој што за прв пат во Македонија се издаваат, и со тоа да ги кочи сите можни извори на средства за реализација на проекти за следната година.

„Бидејќи мислат дека ако не реализираат градоначалниците со тие средства проекти, така ќе паѓа рејтингот на градоначалниците, со тоа ќе паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, а рејтингот на Ковачевски и СДСМ ќе расте. Се лажат. Тие што ги советуваат се лажат, затоа што народот точно знае да препознае. И без тие средства, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат повеќе од максимум, преку чесно, храбро, одговорно и посветено работење да испорачаат тоа што ветиле. А, овие ќе потонат во својата злоба, а на следните предвремени парламентарни избори ќе заминат во опозиција која што ќе трае многу години, бидејќи никогаш повеќе не треба дадозволиме вакви политичари, злобни политичари да ја водат Македонија. Затоа што тие со својата злоба прават штета на сите нас. И што е најстрашно и прават штета на нашата држава, прават штета на Македонија“, рече Мицкоски.

Уште еднаш, додаде Мицкоски, сакам да ја информирам македонската јавност, дека милиони проекти стојат во депото на владата само поради една причина, политичка, затоа што владата на ДУИ и СДСМ не сака да дозволи Македонија да се развива, сакаат Македонија да тапка во место, да се уназадува и потоа таква каква што е да ја распарчуваат и да ја делат.

„Тоа е суштината. И сите тие проекти нема да се реализираат затоа што оваа влада на СДСМ и ДУИ поради политички причини не дава да се реализираат. И затоа граѓаните на Штип, затоа граѓаните на Свети Николе, затоа граѓаните на Карбинци, граѓаните на Лозово, граѓаните на Велес, на Кратово, на Ранковце, на Виница, на Каменица, на Пехчево и така натаму во истокот, ќе бидат, за жал, оштетени поради тоа што владата на ДУИ и на СДСМ не дава да се реализираат овие проекти. Затоа што формалноста да помине преку влада тој документ иако, ќе повторам, тој документ претходно помина, како што е за штипската обрзница, преку македонската Комисија за хартии од вредност, преку Македонската берза и преку Министерството за финансии. Значи низа државни институции дадоа согласност, на крај формалноста е да помине преку владина седница, се трга од владина седница, еве поради која причина. Затоа што сакаат да ја уништат Македонија, нема друга причина. Потонати во својата злоба, сакаат да ја уништат Македонија“, истакна Мицкоски.

Додаде, тие нека тонат во злобата, ние ќе работиме и затоа ги повика македонските граѓани на следните предвремени парламентарни избори да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и актуелната власт да се испрати во опозиција каде ќе биде многу години.

„Затоа на следните предвремени парламентарни избори, масовно го повикувам народот, да излезе да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, да гласа за проекти, да гласа за реформи, да гласа за нови политики кои што иднина ќе донесат, а не злоба и пакост. Да не гласаат за луѓе кои што се полни со нихилизам, да не гласаме за луѓе кои што и мислат лошо на Македонија и македонскиот народ и полни со злоба прават штета. Ете тоа е мојата порака која што е резултат на ова, вакво, вандалско, ненародно и насилничко однесување на власта на ДУИ и на СДСМ“, повика Мицкоски.

Линк од изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф, д-р Христијан Мицкоски:

Линк од изјавата на градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев: 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.