Сабота, 31 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Елона Маск со новогодишни прашања

1Marija Kukubajska

Марија Емилија Кукубајска                                                                                                31.12.2022

Дали времето и понатаму да се брои по стара и нова ера, по вера или по галактички промени? 

Дали ќе сум цел и свој, во епските преуредувања диктирани и од светли и од темни умови?

Дали ќе сум дел од глобалната мануфактура што аплицира делови од органскиот човек, во пост-телесно постирање во постчовечни арт-ифициелни, анти-духовни креатури?

Дали ќе дозволам да сум транспортиран од непознати знаци и звуци на пренаселената вселена?

Дали ќе ме измамат уметници во науките за воинствени планови за планетата или јас ќе го спасувам човештвото во кое сеуште верувам дека е Божји дар?

Дали финансиите и филозофиите едни со други ќе се лажат или и натаму ќе се женат-мажат?

Дали владите и властите ќе пукаат по сите шавови на илузорните граници, за да блескаат со ослободена моќ на експлодирани демократии?

Дали ќе одиме голи и боси, премрзнати и претепани од господарите на фосилите, па без нафтени деривати да нема ни парафини за здравјето, ни лажно фини подземни Прозор-пини?

Дали земјоделците ќе постанат бездел(ни)ци, сточарите кравоубијци, а храната ќе ја забранат екологистите, ајкулите ќе изгубат имунитет, китовите - интелигентен интегритет?

Дали одбраната ќе успее да спречи идна болест која не се лечи со ниедно медицинско чудо?

Дали дигиталната трансформација ќе помогне на секоја нација да си ја докажува и развива својата најдобра посебност среде нелегитимни разлики во платформи, норми и влогови во лажни блогови?

Дали највисоките вредности на човечноста нема да се повлечат подземја, како водата што се губи под пустината, или ќе треба да ги топиме ѕвездите за ново-стара исконска каша на создавањето?

Дали народите ќе можат во иднина да се одржуваат и подржуваат едни со други кога до сега се делеле, селеле, силувале и угинувале - од исконскиот антагонист, лажен принц вирусиран во нив?

Дали нема да има опозиција против испорака на најпопуларни и најкорисни средства и начини за народот, популацијата да има бенефит, популистички, масовен, не само селективно елитистички?

Дали длабокиот код ќе биде достапен и за скриен енерговод и за видливи интер-фејс операции?

Дали некој ќе процени егзактно и дефинитивно зошто човештвото мора да се редуцира за да просперира, или ќе се развива најинтензивно облагородување на празните земјини простори. 

Со кои инстанци, домашни или на странци, човекот ќе може да комуницира, за рационално и реално инвестирање во сопстен избор на слободно славење на својот род и сој и разум и спокој?

Дали лидерството ќе биде привилегија за сите што умеат и знаат да водат кон сопствен и општ напредок на фамилијата на единката, и на фамилијата на планетарните народи?

Дали ќе може да сме партнери само со незастареното Добро и Убаво, среде хаосот од зовриени субатомски честички, со експлозивни реакции и идеолошки фракции за освојување и покорување.    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.