Сабота, 07 Јануари 2023    PDF Печати Е-пошта
Марија Емилија Кукубајска : СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА ЗЕМЈАТА, ИСУСЕ!

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Среќен роденден Исусе, Боже мој, Боже наш! Со љубов од мене, и од мојот македонски христијански народ, и од име на сите народи кои веруваат или не, истражувачи на реалноста или скептичари кои знаат кој си Ти. Честит Божиќ - вселенскиот настан, раѓање, отелотворување на вечната божественост во идеален човек. Честито славење на Богочовек Исус Христос роден за човековото возвишување, облагородување, за благодетите во животот на Земјата, и потоа.

11merr1

Спрема Божјиот план, од бесконечниот универзум – Исус Христос се роди во човечко битие на овој свет, за да вроди љубов, а не освета, вистина, а не измама. Се отелотвори, Бог во безгрешен човек, за да понуди разсудување против грешки во корумпираното човековото битие, расипано од погрешен избор за функционирање против непогрешните закони. Се роди Исус за човештвото да расудува дека таа одреденоста во универзалните закони за човечност - не значи подреденост, туку еднаквост на секокого пред Бог Отецот. За човекот, и по дваесет и еден век да се уверува: вистината за Бог Исус Христос не е мит, но живот и пат кон целта на неговото постоење. 

Отелотворувањето на Бог во Исус, е највеличествена содржина и најбогочовечна писменост за „божјиот интернет“ (спрема денешниот вокабулар). За да се вклучуваме и спасуваме во таа жива Божја датотека, Бого-тека, во која, за сите времиња, се впишуваат безгрешните, некорумпираните, и покајниците, и се постираат возвишено најчистите величини на човековите творечи теленти.  Зашто Бог знае(ше) што го чека неговото човештво кое скренало во криминален и насилно искривен од’ кон сопствената апокалипса: анти-човечна, пост-божја, пост-историска, пост-вистина – се’ додека Тој по втор пат да дојде меѓу луѓето, да им (пре)суди на отпадниците.

Го славиме Божиќ, и во пост-божјиот 21ви век, 2023 година, ние кои во просветленото срце знаеме и веруваме дека сезнајната, бескрајна Книга на животот е таа жива енергија со која и за која се усовршуваме, не само преку ученоста, не само со интелектуални и материјални ресурси низ овоземното патување, туку и со духовна моќ. За да се бориме и браниме кон светлиот пат, против темните сили на лукавиот агресор што носи рани по сите страни на Земјата. Но, агресорот не ја создал Земјата, ниту човештво, за да го замени со свои бездушни иако пребогати, а обезбожени, обесчовечени творови, Луѓе на лагата, во Време на лагата.  

Исус се роди на Земјата, од бесконечноста на Господ Бог, за да го сведочи универзалниот пример како човекот може да се стреми да се развива, спрема непогрешните идеални на Божјата промисла. За да се усовршува зашто е создаден од Семоќниот, Сезнаен, Премудар Создавач на времето и просторот. За да може и да знае да се осознава во својата слобода дадена од Бог - да разликува создавање од уништување, светлина од темнина, добро од зло. За да ги открива преку егзактни науки и преку визионерска вера - трајните, тајните и сепак видливи закони на животот соз-дадени од Бог. Природата на Земјата, живиот свет, човековиот чудесно успешен развој, се видливи докази за Љубовта на Бог кон човекот, и кон неговата величествено убава планета.  

Божественото раѓање на Исус од земната мајка Марија, е настан од пред два милениума, космички чин во време кога човештвото достигнало крајно деструктивни и дегенеративни девијации во својот духовен и материјален про(ре)грес, кога требало уште еднаш духовно да се прочистува и просветлува на земјата, за да биде упатено напред и нагоре, во светол развој, кон бесконечно идно постоење од онаа страна на видливото. За човештвото да биде спасувано пред да биде неповратно само-уништувачки освоено од лажни, самопрогласени владетели на новиот свет, одвоено од вистината со смртоносни игри на лажните земни богови кои илузионираат дека создаваат нова ера, нова вера – со проневера, со фиктивна надмоќ над човештвото.

Библијата, учениците на Исус Христос, историчарите, визионерите, пишувале за аргументираното  раѓање и живот на Исус како небесен настан на Земјата предвидуван спрема сите космички, астрономски и научно прецизни мерења. И Коранот во 7ми век сведочи за тоа. Но, еден историчар не смее да пишува за колежот на децата, за Коледе, во „Антиквитети на Евреите“. Поради смртен страв од неговите нови господари од центарот на светската моќ, Рим. Јосиф Флавиј (Joseph Ben Matthias, 38-100 н.е.) е тој еврејски историчар кој се борел против Рим, на Масада (66-70), го подржувал и одметникот од Рим, Марко Антонио, но од личен интерес подоцна се предал на своите пагански непријатели, Римјаните. Им служел за поткупен толкувач на тоталитарниот римскиот светоглед. Флавиј се откажал од својата монотеистичка еврејска вера и побегнал во Рим да пишува по диктат на империјата. Во меѓусебен интерес, Рим му забранува да внесе било каква писмена трага за тиранијата на „нивниот“ Ирод против Евреите. Ирод бил нивниот слуга, римски намесник, етнички арапин, со вродена омраза кон другите, со психопатско самољубие, со убиство на своите тројца браќа и жена му Мариамне, но и со сомневање во Рим и покрај неговата манијакална покорност кон Рим - од благодарност што империјата го прогласила за Цар на Евреите. Преку лукавиот Ирод, римската власт гради верски и материјални тврдини бранејќи се од освоените народи: Израел, Либан Сирија и Јордан, вршејки геноцид, етноцид, прогонства...  

Кога и најмудрите во Израел го предупредувале, измевале и осудувале изродот Ирод, за неговите предавства против народот со кого владее поставен од непријателскиот Рим, Ирод се нафрла и против најхрабите, но и против најневините меѓу народот, децата. Коледе е ден за чествување на бебињата маченици, бездушно убивани по нарачка на веќе душевно оболениот Ирод: инфантицид на 14.000 деца до две годишна возраст, од Витлеем и од освоените територи. И за овој настан Рим му наредува на Јосип Флавиј да не остави никаква пишана трага. Денес нови  господари од некаков нов Рим, им наредуваат на своите слуги да не остават ниеден доказ за постоењето на Македонскиот народ во својата прататковина Македонија. Но, Македонците не се измислени, а измислувачите не се трајно вистински диктатори на демократијата.   

Масакрот на децата поради раѓањето на Исус, уследил од Иродовиот стрв за власт и од неговиот страв да не ја загуби власта. Тиранијата на Ирод предизвикана од раѓањето на Исус, уште од визионерите наречен „Цар на небесната слава“, сепак е запишана во Новиот Завет на Библијата, од апостолот Матеја, 2:16. А Библијата не е фантазија, митологија или филозофија на произволни теоретичари. Како што не се фикција верските книги на други култури непрекинато инспирирани од тајните на небото, водени од Божјиот дух, спрема Божјиот код во човековиот род на Земјата.

Честит Роденден на Богочовекот Исус. Честита иднина во вечноста за верниците во Христијанската Божествената историјата на светот и световите во вселената. Честит Божиќ, предвесник за Воскресение и бесконечен живот на луѓето заслужни за тоа, или помилувани од Божјата милост.  Честито славење на Исус во Македонија, со Ерусалим на Балканот. Македонијо наша, ти завидуваат сите лажни браќа. Но, те милува Правдата на Бог, ќе те бранат неговите Правдољубци на Земјата, Македонци и други.    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.