Сабота, 07 Јануари 2023    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Уставните измени не се обединување туку предавство

hristijan 6

Уставните измени не се обединување туку предавство, огромно мнозинство од граѓаните се против тој чин и овој проблем кој ни го донесе владата на ДУИ и СДС

Тоа не е обединување, тоа е предавство и тоа требаше некој да го мисли пред да го договора. Затоа што ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав, не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните потпишување на капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови тоа да го испорача, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени, после свечената божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски" во Скопје.

Мицкоски истакна дека уставните измени се еден од тие моменти кои внесуваат раздор помеѓу македонскиот народ кој е мудар и ако се погледнат сите мерења на јавното мислење се гледа дека огромно мнозинство, повеќе од три четвртини се противат на таквиот чин.

- Тоа што јас како човек можам да кажам е да бидеме чесни и да се обединиме околу чесноста кон граѓаните која ќе ја рефлектираме, а за тоа ни се потребни брзи предвремени парламентарни избори на кои секој од нас ќе излезе со своја програма, со свој начин на решавање на овој проблем, па граѓаните се тие кои се суверен и тие нека одлучат како ќе го решат.

Проблемот го имаме, ни го донесе оваа влада на ДУИ и СДС и ние треба да го решаваме тој проблем ако сакаме да одиме напред и да обезбедиме онаква држава каква што заслужуваат нашите граѓани, потенцираше Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.