|
||||
Вечните тајни на крстената вода |
Марија Емилија Кукубајска Вечните тајни на крстената вода. Богојавление. Величествена врска меѓу љубовта на Бог кон човекот, преку Исус Христос Кршевање на Исус во реката Јордан е божествен чин на прочистување на човекот преку водата осветена од Исус, прочистување на меморијата на водата од Стариот Завет, со светата духовна сила во Новиот Завет. Верата во Исус Христос се демонстрира преку крштевање во осветена вода која го воведува во нов духовен живот. Оваа божја христијанска тајна останува непозната, но нејзината благодет е моќно видлива: дејство на светата енергија на животот - од Вселената до земјата пренесувана со Божествените духовни сили преку водата, во живот на Земјата. Водата е сеприсутен проводник на Божјата љубов кон човекот, и на човековата љубов кон ближниот. Тајната на кршевањето со вода, го пренесува Божјиот благослов во живата вода на човекот, новороденчето. Пред 2.000 години кршевањето на Исус се објави во светоста на тројството: 1. Бог, 2. Исус Христос и 3. Светиот дух, манифестиран преку гулабот. На Богојавление, Бог Исус Христос ја објавува светоста на својата љубов и заштита кон верникот и кон светот. Со чинот на Христовото кршетање од св. Јован во реката Јордан, се потврдува и светоста на водата како проводник на вселенската духовна свест за Создавачот пренесена во земната меморија на човекот. Осветената вода носи крштевање на стабилноста и редот во душата на Христовиот верник. Непријателските мисли, омразата, агресијата се човекови духовни болести кои ја расипуваат структурата на водата во човековата биоплазма (80% вода). Осветена во молитвениот храм, крстената вода добива благослов: мир, стабилна, лековита ѕвездена структура. Некрстената вода останува со загадени дамки. 10 грама светена вода прочистува 60 кг обична вода, и пренесува таинствена психо-физичка лековитост. Науката го потврдува соодносот на молитвената добромисла и нејзината позитивност која се проектира во водата, храната, предметите, луѓето околу верникот. Позитивната, смирувачка фреквенцијата на молитвата во христијанската религија, како и во Јудаизмот и Исламот, изнесува 8 херца, што е таинствено усогласено со фреквенцијата на Земјата. Светоста на водата секогаш била физички очигледна и интуитивно чувствувана. Прочистувањето на водените молекули со молитвено благословена, позитивна енергија, е древно практикуван процес на свето лековитост кај сите народи и верувања. Чудотворната моќ на мислата и молитвата над водата и научно се докажува. Влијанието на современата технологија како загадувач на водата исто така е мерливо. Како и негативната мисла, и контаминираната материја ја пореметува исконската природа на водата. Отпадоците од прогресот постануваат разорни загадувачи на светата програма во водата. Биолошки, технички, радиоактивни, електро магнетни, комуникациски - тие оставаат разорни отпечатоци врз совршената структура на H2O. Но, водата со својата божествена моќ може „природно“ сама да се „излечи“ со сопствено рециклирање, сама од себе да се претвори од морска во слатка, од вода во вино (Исус на свадбата во Кана), да ја оживее песочната пустина во плодна оаза, или да гори во светлина видлива со научни инструмени (оксидација - лачење на топлина и светлина), да ги залепи крвните зрнца оставени без електричен потенцијал - непријатели на организмот, или да ги „оживее“, да го озвучи телото со природни вибрации за пулсирање, да ги распарчи водените молекули со луда агресивноста од рок музиката, или да создаде иконографија од величествени водени форми на музичкиот одраз од Бах, Моцарт, Бетовен. Професорот Емото Масаро научно ја докажува позитивната моќ на молитвата и благодарноста да се биде жив, како и на негативната мисла, и на рамнодушноста. Мерења во светски познати лаборатории ја докажуваат и физичката и морална загаденост на Земјата која катастрофално го загрозува и тој мал процент од 0,2% слатка вода на Земјата. За моќта на водата (чиста или осквернавена) знаат и современите природни и технички науки и древните духовни мудрости и верувања. Во верските книги водата е светост како и светлината, благодет посаден од семоќната интелигенција на Бог и развиен во телото на човекот, и во небесното тело на планета. Без вода нема ни оган, согорување на материјата во енергија. Најчистата вода на планета, во Венецуела, Рораима, има 40.000 пати поактивна моќ за регенерација на животот. Тоа не е амазонска магија, туку Божја природна енергија во водата, зачувана чиста и после милијарди години ерозија. Најраните човекови митолошки претстави за постанокот на светот и животот кај сите народи почнуваат со водата, милениуми пред западната пропаганда да ги наметне хеленските и римските плагијати од тие народи како супериорна митологија (Посејдон, Венера). Големите стари светски цивилизации околу животодавните води на Нил, Еуфрат, Ганг, Јангце, Амазон, и моќната биофизика и астрофизика во 21-ви век, ги истражуваат и објаснуваат меѓузависните влијанија на моќта на водата: Божја сила - живот. Во водена, светла и топла средина аминокиселините се градители на живите организми, и во Вселената – на небото, и на Земјата – во човекот. Водата е составен дел од четирите елементи кои го градат животот во материја-енергија: вода (и пред и после Потопот – вода), воз-дух (хАва, и’ е вдахнат на Ева), земја (Адам создаден од глина) и оган (погон во ѕвездените системи). И науката и верата, умствената и духовната свест, потврдуваат дека водата пренесува меморирани информации од своите космички својства до земната средина, и ги чува во водени молекули и клеточни кластери. Новодобскиот New Age политеизам ја ремети законитоста на водата со пост-религиозни хипотези, со субверзивен, анти-христијански замав во алт-медицината, поп-културата, литературата, црната магија. Но, светлите духовни потраги и потреби од спознавање на суштината и целите на живот после смртта, во вечноста, богољубиво и човекољубиво ги следат позитивните закони на природата. Светоста на водата го пренесува својот тек во вода на животот, во дрво на животот, во кора (core), во света клетка на ДНК. Величествената убавина на Земјата е доказ по себе дека бесконечниот, вечниот Создавач на световите, небесниот „татко“, ја вградил својата човекољубива, мирољубива интелигенција во сите природни закони – организирани, систематизирани и непроменливи, и покрај непрекинатите нарушувања на водените кластерите со насилни физичките и духовни влијанија од средината. Водата знае да урива, како во Потопот (научно претпоставен геолошки настан (Columbia University, EO), или да убива, како водородна бомба, сама да се лекува со својот салинитет, да создава величествени цивилизации, и да го расне човековиот плод во мајчината утроба. Водата знае, бидејќи Сезнајниот Бог е во неа, и таа е од него. Науката открива дека водата е создадена од 400.000 информативни влакна кои ја поврзуваат со светот и животот. Водата е содржина во бесконечниот компјутерски систем на Бог. Трите агрегатани состојби на водата: течна, цврста и гасовита, се суштинска и симболична константа на тројството, на природниот ред и хармонија на Земјата, преку Бог Отецот, од него Бог Синот и Светиот Дух што се поврзува со своето создавање, човекот, цо реката Јордан, и во сите води на светот. Земјата е жива капка во бесконечниот флуид на влесената, а водата е течна колку и гасовита и тврда. Топлината во водата е како љубовта во срцето, расте, се крева како восхитен здив, во воздишка, во воздушна пареа, се соединува со првобитната средина – небото. Во студена средина, во мраз - водата ја шири својата заштита од расипување, од бактерии, вируси, габи и други болести на средината. Благодарноста, молитвите и искрените извинувања за грешките – се отпечатуваат во водните молекули како восхитувачка убавина и симетрија која оддава мир и добрина. Штетните влијанија (вештачки зрачења, мобилни телефонии, микро печки, контаминирани површини, водоводи под висок притисок, хемиски третирања, нуклеарни експлозии, индустриски отпад) патолошки ја заболуваат водата, создаваат црни дупки во молекулите, гнила (анти)енергија. Како и преработената индустриска храна, така и водата во мегалополисите, е умртвена вода. Затоа, и поради се’, од сведоштвата за настанокот на светот и пророштвата за Месијата во Стариот Завет до облагородувањето на човекот преку доаѓањето на Спасителот, Исус Христос во Новиот Завет, водата го води човекот во ново осветување, до обновено крштевање со вода од која се влева мирољубивата светост на Бог отелотворен во Исус Христос. Членови на научни академии во Европа, Русија, Јапонија, САД, потврдуваат: верата создава чуда, иако немаат научни објаснивања за нив. Осветената вода го враќа починатиот во живот, го оздравува безнадежно болниот, ги обновува растенијата и животните. Од друга страна, Теоријата на системите докажува: (не)стабилната состојба на човековата мислата, ја дестабилизира и атмосферската и земната вода, и телесната. Водата како основен природен елементи може да носи и најнепожелни промени, како и најхумани, најблагородни, најобожени, свети прочистувања, прекрстувања на нестабилното во стабилно. Вселенскиот настан покрстувањето на Исус Христос, е афирација на вечното животодавно дејство на водата. Кршевањето на Исус Христос од св. Јован, означува обновено верување дека светоста на водата го прочистува животот на човековото битие, ако душата е спремна за духовна обнова, со покајание... Со љубов и благодарност кон Сезнајниот, Семоќниот, Вечниот |