|
||||
Унија на Ветерани се придружува на повикот од Патриотскиот Институт за чествување на роденденот на Гоце Делчев |
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ве повикува на 4 февруари гордо и достоинствено да положиме цвеќе и да се поклониме на гробот на великанот на Македонскиот народ Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Гоце Делчев бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава. Поради мешање на Бугарија во 1902 година бил предизвикан инцидент односно било кренато Горно Џумајското востание поради провокација на Бугарите. Кога Гоце Делчев разбрал за тоа бил бесен и го рекол следново: Зарем не гледате дека на Бугарите им пречи повеќе и од Туците тоа дека сме Македонци. Бугарите не не сакаат нас Македонците тие да не сакаа немаше да ни дадат пушки без муниција тие ја сакааат само територијата на Мајка Македонија. Рано е за востание не сме подготвени а Бугарите ќе пробаат да не искористат нас Македонците за свој лични цели. |