|
||||
Марија Емилија Кукубајска : ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ МАКЕДОНСКИ И ДЕСЕТТЕ ПРИРОДНИ ЗАКОНИ |
(архивска фотографија, Нова Македонија) : ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ МАКЕДОНСКИ И ДЕСЕТТЕ ПРИРОДНИ ЗАКОНИ Ново доба ни’ ги руши Десетте Божји-човечни закони. Но, наша душа нема да задуши. Родот македонски не ни’ згасна, иако стоглава змија не’ касна, и холограмско теле ја мота нашата органска сила, нашата сончева свила - на отровни рогови на тие лажни богови. Учителе Македонски, маченику по крвав пат кон слободата... до полиња на правдата 1. Заедно се боревме да немаме други господари, освен Господ, Создавач на земја и небо наше. 2. Од секогаш сфаќавме, идоли не прифаќавме од никакви мутанти, вируси на пост-човечност. 3. Напразно не се колневме во Божје име - Македонија да има наше презиме, родство и водство. 4. Ден за одмор имавме само кога Македонци ни’ се раѓаа, света земја да даруваат со вечност. 5. Почитувавме вековни родители, светители - да постоиме долго, над сите грешни безбожници. 6. Не убивавме. А луди ловци, златен народ и сега ни’ гонат, вековни гранки ни’ кинат, ронат. 7. Немаме страст за туѓото. Нашето да го остават наше. Сите со свој мед и млеко, злато или блато. 8. Не крадеме ние, туѓа мака не јадеме, туѓа земја не садиме со змии. Мир кај нас - мир кај нив. 9. Не лажеме - семето низ времето ни’ е златно, но кодоши: превари варат, со лаги да не’ попарат. 10. Лакомите – плодна земја и племја, дива нива и сончеви жици, зграда и града лапаат, касапат... А ние, Ѓорги Делчев наш, Македонски - со Божјите закони и тебе што ти чуваа сончево срце и чиста чест, остануваме да зачуваме твои чеда од закони-без-закони. Лажни богови сите природни закони ги кршат врз нас и сега, сите природни богатства ги мерат да ги одерат од земјата, и во ова лето 2023-то. Нов надчовек подчовек не признава веќе „Сакај го ближниот како себе си“. Нема кај неговите ловци на луѓе – љубов братска, само омраза адска. Но, ние идеме, да бидеме и понатаму народ во самоодбрана од ламји и гламји, од болести на одметнатите од реалноста. Докажуваме, веруваме – татковината наша ќе ни’ остане жива, сончева, човечна куќа, заштитена од електро магнетен гром, ќе ни биде чувар на иднината и спомен дом. Иако наоколу промените од лошо на полошо одат, а чинителите - светски чинки измислуваат и оро водат на форуми на нивното заслепувачко, утепувачко Златно доба. Демоните нивни, врз ангели наши вршат напад, закон на природата да им скршат, да ги фрлат во пеколна постела - ни со запад ни со исток. Но ние, последните, први ќе бидеме да докажеме дека не е човечки, не е закон на народите - да постанеш вештачки створ, а да изгубиш свој генетски простор. Ведите од победите на нашата правда не’ воделе низ наметнат мрак, продоложивме – иако темно, глуво, слепо доба среде бел ден паѓа пак. Но, ние не’ предаваме татковина своја, твоја, на трговците со македонско робје. Татковина значи род, верба, берба, плодни полиња на духот наш, борба против прекршители на закони на природата. Сите нека знаат да се свои на своето поле на култури, ние на нашето - Гоце Делчев наш! Македонијо народна, Македонијо светска. Марија Емилија Кукубајска |