|
||||
Мицкоски со жесток одговор кон Јорданов кој ги навредуваше Македонците |
Мицкоски со жесток одговор кон Јорданов кој ги навредуваше Македонците: Тоа што сте европратеник не ви го дава правото на непочитување, акт на нецивилизираност е што казнувате цела држава поради вашите историски фрустрации
Го прочитав европратеникот Александър Йорданов и неговото гледање на моите позиции и ставови, неговите навреди кон Македонија и фалсификувањето на историјата и негирањето на македонската нација.
Секако ова тврдење доаѓа по ползувањето на дипломатските придобивки кој како амбасадор на Бугарија ги уживаше во Скопје и Македонија при што луѓето кои го познаваат знаат да речат дека често пати со исклучителна љубов и почит говорел за нашето гостопримство. Тогаш за разлика од сега не му сметаше дека зема плата поради неговиот престој во Република Македонија каде постои Македонски народ.
Е сега да одговорам малку околу суштината...
Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ви го дава правото на непочитување кон Македонија и постојаните фалсификати, историски и политички за кои говорите и ги произведувате.
Кога говорите за Гоце Делчев можам само да благодарам на мудроста на вашите претходници и бугарски политичари кои ја испочитуваа желбата на големиот македонски херој и ги предадоа моштите во единственото слободно парче македонска почва, денешна Република Македонија. Тоа беше акт на бугарската почит кон македонскиот херој Делчев. Но за жал не пропуштате ниту миг да го изгнасите и нивниот чекор на пријателство, и нашето природно право слободно да се повикуваме и да го славиме неговото дело.
Никој не ви го спори правото да го почитувате Гоце Делчев, доколку сакате. Но почитувајте го во целост и она што вистински бил. Македонец кој се борел за слободна Македонија.
Го сфаќам и вашето неоправдано его и зголемена агресивност која ја црпите од молчаливоста и попустливоста на оваа македонската влада кон сите ваши глупости, лаги и измами. И тука можам да кажам дека тоа е наша македонска работа за која ние внатре во државата дебатираме и ќе се разбереме, но додека чкртате навреди кон мојот народ и Македонија да ви кажам што е цивилизирано, а што не.
Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија?
Цивилизираност ли е да доставите цела листа на барање кои водат кон доброволно самоукинување на македонскиот народ и држава?
Цивилизирано ли е што еден европратеник како вас има навреди кон соседната држава со речник кој е недостоен и исполнет со патолошко и компулсивно лажење.
Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ве прави поголем европеец од нас Македонците коишто отсекогаш тежнееле и биле дел од заедничката прозападна идеја, туку ја зголемува вашата одговорност да се придржувате до цивилизираното однесување кое отсуствува во вашето делување.
И друг пат пред се дрзнете да квалификувате цел народ и земја, треба да знаете дека темелите на оваа македонска држава се и илинденски и антифашистички. Како народ никогаш не сме војувале против соседите, никогаш не сме правеле сојузи со фашистите и никогаш, ама баш никогаш не сме го барале туѓото. Сме имале почит кон другите народи. Запомнете Македонија е слободарска држава која секогаш била на исправната страна на историјата.
Линк од фб статус:
|