|
||||
ВМРО-ДПМНЕ го црпи суверенитетот исклучиво од народот и затоа се потребни предвремени избори |
Мицкоски на средба со Липавски Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, членовите на ИК Антонио Милошоски и Марија Митева, како и меѓународниот секретар Стефан Андоновски, денеска остварија средба со висока делегација на Чешката Република предводена од Јан Липавски, министер за надворешни работи, на која присуствуваше и амбасадорот на Чешката Република во Македонија, Јарослав Лудва. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, како и прашањето за пристапување на Македонија кон Европската Унија, за кое што уште еднаш недвосмислено ги истакнавме нашите ставови и позиции за непромена на Уставот под бугарски диктат. Од страна на претседателот Мицкоски беше исто така потенцирано дека единствениот виновник за ситуацијата во која се наоѓа Македонија во моментов е владата на СДС, која ги прифати сите штетни договори и ја остави државата во чекалната на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ даде уверување дека како партија, но и идна влада суверенитетот го црпиме исклучиво од народот и затоа се потребни предвремени избори на кои граѓаните ќе ни ја дадат довербата за која ќе работиме чесно и посветено, за да ја видиме Македонија напредна и просперитетна, вистински на патот кон ЕУ. |