Вторник, 14 Февруари 2023    PDF Печати Е-пошта
Се повеќе партии го напуштаат бродот што тоне, поддршката на Ковачевски за владата се намалува

1vmro1 10

Ковачевски прави крпена Пазар 3 коалиција за уште 10 месеци да продолжи со криминал, додека ја лепи коалицијата се повеќе партии го напуштаат бродот што тоне, поддршката на Ковачевски за владата се намалува.

Коалицијата на Ковачевски се ситни,  бродот што тоне прв го напушти Алтернатива, сега и Демократски сојуз, кој е следен?

Секој ден нова партија ја напушта владината коалиција крпена по принцип на Пазар 3, купување со криминал, корупција и притисоци.

Предлог министрите на Ковачевски од Алијанса се лица кои се доведуваат во поврзаност со криминал и радикализам. Ковачевски прави влада крпена Пазар 3 коалиција, со луѓе вмешани во скандали, и тоа ги одвраќа сите други од таквата коалиција.

Ковачевски избегнува да одговори дали неговиот предлог министер за правда, Кренар Лога, е брат на Крешник Лога, осомничен за убиството на Дилавер Бојку - Леку? Дали братот на кандидатот за министер за правда  всушност имал проблеми со правдата?

Се добива впечаток дека предлог за министерска позиција на Ковачевски може да добие само човек чие име се вртело во скандали, таква е и Викторија Аврамовска Мадиќ, која беше вмешана во скандал од 4 милиони евра во град Скопје, додека беше генерален секретар на градот, со фирмата Армор Плус, сопственост на нејзиниот зет за сестра. Аврамовска сега треба да му биде заменичка на Лога.

Заради ваквите кадри довербата во правосудните органи е едноцифрена.

Следен на листата предлог министри е Тирон Јајага, предлог заменик министер за одбрана, кој работел во Брисел, а откако учествувал на протест за Илирида, е вратен во Македонија, по што од власта на СДС е помилуван, а сега чека и функција.

Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство.

„Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во министерството за образование. Каде што патем ќе биде во целосно владение на ДУИ.

Владата на Ковачевски е Пазар 3 крпена коалиција за 10 месеци, за криминал, тендери и богатење на поединци на сметка на народот.

Времето проаѓа, а одговорност за се ќе има, со секој поминат ден Ковачевски се повеќе губи поддршка и ќе изгуби катастрофално на следните избори.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.