|
||||
Мизрахи: Ковачевски е премиер на Македонија или портпарол на некоја туѓа влада? |
Мизрахи Ако целта ги оправдува средствата, да видиме која им е целта. Ако целта е за остварување на програмата на владата, она што е во спротивност со член 5 од Законот за влада, тогаш требаше да се распуштат сите министри и Ковачевски самиот себе и да одиме на избори. Но, не ќе да е тоа цел. Ако целта им беа уставните измени, ќе ги задржеа сите, ама не ќе да е ни тоа. Но, доколку целта е 61 пратеник поради дестабилизација во редовите на коалициониот партнер и компензација, тоа веќе има логика, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната собраниска седница. Таа истакна дека од Ковачевски не слушнавме образложенија за разрешувањата туку кратко експозе како за на трибина кое никој не го купува. - Ковачевски како не избран од народот, нема позиција на премиер избран од народот на Македонија, логично е да се запрашаме чив марионетски премиер сте вие. Слушнавме вчера како сте ги молеле пратениците на Алтернатива и кој се праќал абери и замолници. Цитирам кој уште не дојде, и Еди Рама“. Тоа значи дека пред една година Еди Рама учествувал во формирањето на владата. Епа кој учествува сега? Сега станува сомнително дали вие Ковачевски сте премиер на независна и суверена Македонија или портпарол на некоја туѓа влада? Онаа на Албанија или онаа на Бугарија? – прашува таа. Мизрахи потенцира дека на народот му е преку глава од се што прави оваа влада и прашува дали излегуваат пратениците од власта помеѓу улиците. - На народот му е преку глава од шарена револуција до докази дека била само за слободно плачкање на народот и државата. Преку глава од СЈО како Нирнбершки процеси, до Катица Јанева во затвор, а парите во Заев. Преку глава од одбрана на марихуана и нарко пазар . преку глава од политички прогон: преку глава од пасоши за нарко босови, кризни состојби за тендери во 4 очи. Од горење на живи луѓе, а одговорност никаде. Кршење на закони, кршење на Устав, злоупотреба на европско знаменце, изјави Мизрахи. |