|
||||
Да го зачуваме нашиот македонски јазик и будно да се грижиме за неговото постоење и иднина |
„Пред 23 години „УНЕСКО“ го прогласи 21 февруари за ден на мајчиниот јазик, ден на лингвистичката култура, разновидност и повеќе јазичност и бидејќи јазикот е од исклучително значење за сите народи во светот. Одбележувајќи го денот се потсетуваме на нашата обврска да го зачуваме наследството на мајчиниот јазик и будно да се грижиме за неговото постоење во иднина“, рече Јелена Жугиќ претседателката на Градскиот Комитет ВМРО-ДПМНЕ од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ Таа посочи дека секако дека мора да има доминантна култура која ќе ја фаворизира лингивстичка различност и ќе креира и промовира програми за едукација за различни јазици и култури но заштитата на секој јазик поединечно иако навидум е голема бариера е од суштинско значење да се сочува светот со сета своја убавина на различност. „Македонскиот и мајчиниот јазик е многу повеќе од поле за истражување од страна на експертите тој е срцето на целиот социјален економски и културен живот „УНЕСКО“ секоја година на овој ден 21 февруари ги повикува Владите нациите, граѓанските здруженија образовните институции и сите други здруженија да придонесат за почитување промоција и заштита на сите јазици со посебен акцент на оние кои им се заканува исчезнување. Наша примарна задача е да го заштитиме јазикот“, вели Жугиќ. На трибината свое обраќање имаше и Претседателката на Централната комисија за образование и наука при ВМРОД-ДПМНЕ Весна Јаневска. Таа истакна дека мајчиниот јазик не е само јазик за комуникација со луѓето, туку мајчиниот јазик е само архитект на она што еден народ го носи во себе на културата, традицијата, историјата и на светогледот на еден народ на она како тој го гледа и доживува светот на неговите идеи и мечтаења. „Мајчиниот јазик не е само јазикот со кој детето се среќава прв пат во своето семејство и со кој расте. Мајчиниот јазик не е само првиот јазик, мајчиниот јазик всушност го сочинуваат звуците и вибрациите кои детето ги чувствува во мајчината утроба па затоа него не го распознаваме само со умот туку него го чувствуваме во срцето и него го чувствуваме со целото тело и со целиот наш животен развој и напредок“, рече Јаневска. Таа истакна дека фактот за можното губењето и исчезнувањето на еден јазик го знаат многу луѓе, а не само ние и го знаат и нашите соседи и не за џабе со години наназад а во последните години малце поинтензивно токму јазикот е целта на нашите соседи кои би сакале заедно со нашиот јазик да исчезне нашата култура, идентитет , историја традиција и обичаи се она што е наше. На трибината обраќање свое имаше и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска каде истакна дека јазикот ни пружил можност да ја прелистуваме историјата, и денес кога пред нас се прелистуваат страниците од минатото токму од јазикот ја црпиме сета моќ која ја употребуваме за да ја продолжиме историјата. и да опстоиме низ вековите. Тука е сочуван доказот и печатот за тоа кој сме, од каде доаѓаме, и кон што треба да се стремиме“, заклучи Пешевска. „Чест ми е на овој голем ден, на Денот на мајчиниот јазик да ви се обратам токму од Ѓорче Петров. Секој народ има свој сопствен јазик, свет инструмент за комуникација помеѓу луѓето. На сите ни е јасно дека народот кој говори со сопствениот јазик и со него го управува своето практично дејствување, секогаш ќе биде стабилен и бериќетен. Од јазикот што ни го оставиле од дамнина добиваме моќ да ја осознаеме животната вистина, душата на човештвото, историјата. јазикот е коренот, душата на нашиот народ и затоа не смееме да дозволиме да се измени и уништи“, истакна Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Пешевска додаде дека јазикот е првата духовна храна и со милост кон него се останува верно кон прадедовците. Сопствените чувства најдобро се изразуваат на сопствениот јазик. Македонските учебникари уште многу одамна го знаеле тоа и од таму ја црпеле силата да се борат за неговото зачувување. |