Недела, 26 Февруари 2023    PDF Печати Е-пошта
КАКО ДА СЕ ПРОСТИ За Прочка и секогаш

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Како, кога ти сакаш да им простиш, а тие чинат се’ за да не постоиш.

Небото, Сезнајната, Сеприсутна моќ, Господарот на вселената, со својата Љубов му простува на човекот, но, немилосрдниот бунтовник, непокајниот непријател, продолжува да го чини спротивното, да уништува. Преку своите космички, духовни и физички закони, Природата на Бог, им простува на своите создадени, ги помирува со Мир и Мудрост, но одметникот, и од внатре и од надвор чини чинки - телата и делата Божји да не постојат.

Простувањето не е по наредба, ниту по слободен избор. Простуваш за рамнотежа на законитоста, за и на тебе да ти биде простено, од Природата, од Бог.

Ако во твоето барање прошка, во твоето извинување - нема жал, ако твојата совест нема каење, како ќе му се извиниш на другиот, како ќе бараш тој да ти прости, како ќе ти верува дека нема и понатаму да грешиш, кон него, кон другите, кон самиот себе?

Ако не сакаш да им простиш на другите, и кога тие ги признаваат своите грешки кон тебе, ти си тој што ги прекршуваш законите на духовната и физичката правда, праведност. Не одбивај ја понудената, и побараната прошка. Простувај несебично, со чисто срце, за твојата свест и совест и верба во доброто да биде обновена, за да се постигнува прочистување на екологијата на душата. За да се обнови во тебе животот спрема човечните закони поставени од вселената, за да ја почувствуваш возвишената Љубов од твојот Создавач, и со неа да растеш во својата човечност.

Како да им простиме на грабливите луѓе-птици-пци грабливци кои незаситно кинат од се’ што ни е дадено од Природата, та нашите деца да гинат без своите внатрешни и надворешни органи на постоење, без право да имаме јазик, душа, ум, тело и дело свое?

Како да им простиме на гробарите што ни’ копаат гроб живи и без трага да не’ поклопат, кога нивната подземна расипаност и подивена гордост немаат ни жал ни срам пред светот да признаат дека нас невини не’ осудуваат на уништување со секој недозволен метод?

Како да им простиме на завидливите, тие вековни борби водат против нашиот ген, и не се помирија со разликите во нашата чесна добрина и чиста жртвеност посветени на правдата, иако сме од ист корен сплетени во живот на планетата? Тие подлост, ние невиност!?

Како да им простиме за нивната бесрамна, незаконска страст да слават кога го лажат светот дека сме нивна своина, да ја силуваат нашата духовна убавина, нашите природни богатства, нашите деца и старци, нашите најспособни за напредок? 

Како да им простиме на лажните трговци со демократија, кога тие, со маката и трудот на вредниот народ купуваат „простувања на гревот“ од странски страни, и од домашни небрани зелени, а црвени и црни зеленаши, а нас не’ плашат со светски закани-закони?

Како да им простиме на гневот против нашето право да се браниме од нивното исконско и историско зло, кога тие се жалат кај проститутките, за тие да донеле современа правда и мир, а нас да не’ силувале додека да заборавиме кои сме, зошто сме, до каде да издржиме?

Како да им простиме за целосното и масовно убиство на Македонците, на нашето здраво семе никнувано на нашата сеуште незагадена почва, кога тие, пост-хумани пост-верници не веруваат во казнување на злото, зашто за нив не постои, не важи законот за доброто?

Господе, помогни ни’ да си помогнеме, да се браниме од нив, безмилосните противници кои не сакаат да знаат за простување ни на Прочка ни било кој Божји ден. А нивна ноќ пали црни кристали, црвени карневали и бели Лаги во време на Лажниот Принц на Мирот.       

Прости им, Боже, не знаат што прават. Но, крајно време е ние да знаеме што да направиме.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.