|
||||
Владата првин да ги ослободи судиите и обвинителите од притисоците, законот за покачување на плати не го решава проблемот |
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2100 амандмани со цел да ја спречи власта во зголемување на платите на судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители. Во услови кога довербата на граѓаните во правосудството е само 3%, власта зголемува плати, наместо да се зафати со реформи и тргање на рацете од судската власт. Владата не треба да ги зголемува платите на судиите и обвинителите, туку првин да ги ослободи од притисокот и да овозможи владеење на правото, а не владеење на непотизмот, криминалот и клиентелизмот. Ковачевски наместо да оди со квази мерки, првин треба да запре со полнење на правосудството со роднини на врвот на власта. 6 години како е СДС на власт состојбата во правосудството е се полоша од година во година. Потребни се реформски чекори за силни институции, за кои нема способност во СДС. Затоа додека е СДС правосудството ќе тоне. |