Понеделник, 27 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
Петрушевски: Водечка партија во владата е ДУИ, СДС е само политички приврзок

                                       1petrusevski1

Бране Петрушевски, пратеник во македонското собрание во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на ваша страна, на ТВ Телма, вели дека водечка партија во владата е ДУИ, а СДС е само политички приврзок во таа влада.

Факт е дека пред некоја година оваа влада на СДС беше падната и со помош на ДУИ и еден пратеник, кој што според едни информации беше киднапиран, таа влада се спаси. Дополнително сега, тој ист пратени е последен на гласањето за реконструкција на владата. значи истиот пратеник кој што ги спас, сега не е дел од владејачкото мнозинство. Одиме понатаму, во момент кога имаа внатрепартиски проблем ДУИ и  огнените односно пратениците кои што бараат реконструкција на оваа влада, ДУИ умешно користејќи соседски пријатели, беа во една соседна држава политичките партии од албанскиот блок за после тоа Алијанса на Албанците влезе во владата и повторно уште еднаш јас спаси оваа влада. Така што ова се аргументи кои укажуваат несомнено дека водечка партија во владата е ДУИ, додека СДС е нејзин политички приврзок, дециден е Петрушевски.

Петрушевски ги отфрли обвинувањата од страна на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ е заложник на Левица, потенцирајќи дека Левица одработува за СДС и како што рече лажно се претставува како опозиција, а всушност е партија која најмногу сака да поминат уставните измени.

Во однос на Левица, апсолутно е дека одработува за СДС. И тоа се неспорни факти. Суштината е што Левица се претставува како лажна опозиција и цело време напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, несомнено има за цел да внесе одреден раздор во опозицијата, бидејќи тоа е политичка партија која најмногу би се радувала доколку поминат уставните измени затоа што е свесна дека во истиот момент огромен број на гласови, по природа на  нештата би биле за ВМРО-ДПМНЕ, ќе отидат кон Левица. И тогаш Левица би била најсреќна, изјави Петрушевски.

Во однос на уставните измени и изјавите од СДС дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат уставни измени, Петрушевски му порача на Дарко Каевски дека тој не познава пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од вкупно 44 пратеници во собранието кои што ќе гласаат за уставните измени и за внесување на Бугарите во Уставот. 

Јас не познавам пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, можеби вие некој друг познавате, но од овие 44 кои што се, ниту дале некогаш некаде некаква изјава поврзана со поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите под ваков диктат, под ваков услов и под вакви околности. Јас можам да кажам дека уставни измени овој парламентарен состав нема да поддржи. Уставни измени во вакви уценувачки околности, со ваков пат кој што и дава за право на Бугарија бесконечно да не блокира, му рече Петрушевски на Каевски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.