|
||||
Манојил Мане Јаковлески:Барам демант и извинување од емисијата Во Центар и од Томо Аврамски |
Манојил Мане Јаковлески Манојил Мане Јаковлески:Барам демант и извинување од емисијата Во Центар и од Томо Аврамски Во интервју дадено во емисијата „Во Центар“ од Васко Ефтов емитувана на YouTube, Томо Аврамски од Берово, кум на Аркан изјави дека Јас и почитуваниот Професор Жан Митрев сме барале од него да ни обезбеди човек да го елиминира Љубчо Георгиевски. Томо Аврамски како што самиот се претставува, поранешен припадник на француската легија на странци, поранешен сопственик на весникот „Сведок“ кум на Жељко Ражнатовиќ-Аркан, во интервјуто дадено на YouTube ќе изјави дека Јас, Манојил-Мане Јаковлески и Жан Митрев сме барале од него да ни обезбеди човек кој ќе го елиминирал Љубчо Георгиевски. Томо Аврамски прв пат во мојот живот го сретнав во нашиот фамилијарен Ресторан Ново Скопје во Берлин-Германија кога дојде со неговите пријатели од кланот на Аркан и вербално ме нападнаа. Наредниот ден рано наутро во Ресторанот Ново Скопје во Берлин, дојде Томо Аврамски сам и ми се извини за инцидентот од предходниот ден. Ваквите клевети сметам дека имаат политичка позадина, со цел не по прв пат, да се наруши мојот углед како еден од Основачите на ВМРО ДПМНЕ и главен уредник на порталот „Македонска нација”. Поранешниот премиер на Македонија и Претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во интервју дадено во емисијата „Во Центар“ на YouTube, како што вели на свое барање кај новинарот Васко Ефтов, објавено кон крајот на јануари 2023 година, повикувајќи се на тврдењата од Томо Аврамски, ќе изјави дека јас Манојил-Мане Јаковлески и Жан Митрев сме подготвувале атентат врз него. Љубчо Георгиевски кон крајот на интервјуто вели дека на србофилот Томо Аврамски, кој веројатно нема ни основно образование, не може многу да му се верува, тој сепак ја користи емисијата, без конкретни докази и само на тврдењата на Томо Аврамски да ги изнесе неговите лаги со кои се нанесува штета на мојот углед и чест. Ја користам оваа прилика да го потсетам Љубчо Георгиевски ако заборавил: од самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ на 17.06.1990 година до неговото устоличување на премиерската фотеља, скоро сите патувања, престојот во Берлин и низ многу градови од Европа беа организирани од мене и во мое присуство. Сите негови патувања приватни или партиски беа организирани и финансирани од мене и од верните членови на Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа, Австралија, Канада и Америка, и да сум имал таква намера да го „ликвидирам“ како што тврди Томо Аврамски не сум имал потреба да барам помош од Томо Аврамски. Врз основа на изнесените невистини од Томо Аврамски можам да изјавам дека: Ниту Јас, ниту почитуваниот Професор Жан Митрев не сме барале човек од Томо Аврамски да го „елиминира-убие“ Љубчо Георгиевски. Заради навреда и тешка клевета кон мене барам: Томо Аврамски и Во Центар јавно да се извинат за изнесените лаги или да достават доказ дека сум барал човек од него да го „ликвидира-убие“ Љубчо Георгиевски. Доколку Томо Аврамски не се извини, правдата ќе ја барам на суд поради навреда и тешка клевета. Манојил-Мане Јаковлески Гостивар, 23.03.2023 г
|