|
||||
Тежок срам е што на меѓудржавна средба со шпанскиот колега Бујар Османи го користи албанскиот јазик |
На која држава Бујар Османи е министер за Надворешни и од каде зема пари? ВМРО-ДПМНЕ:Бујар Османи во својство на МНР на Македонија на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез единствено говори на течен албански јазик иако е платен да ја преставува Република Македонија. На прес конференцијата јасно се гледа дека единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој службен јазик за меѓународна употреба. Ова е и кршење на рамнловниот договор и Уставот на државата. Бујар Османи да каже на која држава е министер за надворешни работи и од каде зема плата? Дали на ова премиерот Ковачевски ќе реагира или ќе го осуди? Бараме Бујар Османи јавно да се извини за овој блам. Очекуваме и реакција од владата. |