|
||||
ВМРО-ДПМНЕ:Власта прави историска кражба |
Ковачевски призна дека 70% од работниците на Коридорот 8 ќе се увезат од странство
Работниците кои ќе се увезат од странство, ќе можат да работат во Македонија без работни дозвола и без дозволи за престој. Ковачевски и Груби сами се вплеткаа во сопствените лаги, и полека вистината излегува на виделина. Наместо повеќе пари за македонските работници и компании, парите ќе се одлеваат за работници од странство, тоа е историска кражба во вредност од милиони. Ковачевски и Груби го кријат договорот, затоа што се што потпишале е спротивно од тоа што тие тврдеа. Наместо 51% македонски работници, како што велеа Ковачевски и Груби, ќе имаме 70% странски работници. Ковачевски и Груби прифатиле и во случај на спор, да не важи македонското право, туку правото на Англија и Велс. Ковачевски и Груби потпишале договор, за чие исполнување е потребно да се изменат цела низа на закони, а тие преземале обврски како измената на истите да не е никаков проблем. Власта да не го крие договорот. Граѓаните од чии пари преку буџетот ќе се плаќа изградбата на Коридорот 8 мора да знаат што плаќаат, колку и зошто. |