Сабота, 22 Април 2023    PDF Печати Е-пошта
ЈАНЕ САНДАНСКИ, Царот на Пиринска Македонија, жртва на Врховистичка Софија

1Marija Kukubajska

Марија Емилија Кукубајска

ЈАНЕ САНДАНСКИ, Царот на Пиринска Македонија, жртва на Врховистичка Софија и дволичната политика на Бугарија, и кон Македонија и кон својот цар Фердинанд.

Убиен е за да се прикрие Врховистичката игра против македонското национално ослободително движење на Гоце Делчев, против македонската револуционерна организација пред и по Илинденското востание, катастрофална игра со поделбата на Македонија 1913 и трагедијата на македонскиот народ во Балканските војни - за да продолжи ликвидацијата на македонскиот народ и Македонија, која се одвива до денес, 22 април 2023 година.    

1Jane1

22 април 1915, Јане Сандански - тело скршено, дело недовршено, валкан Балкан против Македонија... На непријателот му се чинело: го фрлил Јане во крвава кал и лисје од вековни стебла. Му се чинело. А што потоа чинел македонскиот непријател?! Пирин планина да ја оголи од Македонци, на четири страни распнати, да се откажат од себе, од родната Македонија. Анти-македонци да ја делкаат кората од лековити македонски стебла, да корнат и крадат, вадат и јадат - живи луѓе и жив македонски дух.

Јане, Царот Пирински, Македонски, и убиен, повикувал од Вардар до Егеј - да го ослободува својот народ од туѓи ропства. Македонската величествена земја да не ја гуши и тишти плевна преплетена од раце на вештери, да не остане поклопена од орди и племиња подивени да ја колват и грабаат Македонија. Јане, и по својата смрт повикува, земјата на неговите Македонци да не остане пљачкосувана, во црни дупки разјадена, неоплакувана.

Јане својот народ го обединуваше, и во туѓата бугарска земја да се бори, иако орлите непријателски, крунисани од потпорни страни, и натаму клукаа и копаа рани во јуначкото, праведното дело за слобода и мир во Македонија во 20-ти век. На Јане Сандански не му дадоа да добие што е негово, народно, човечно, човеково право на себе. Го предадоа, зад грб кукавички го убија и овој легален македонец во туѓата, бугарската, држава. Кај Блатата беше застрелан од најмени, оттуѓени, калливи терминатори против правдата. И овој свој злостор, убиството на Јане – Бугарите ги сокриваат и лажираат доказите. Го оставаат телото на Јане паднато на патот, случајни каравани да не го препознаат, да не го закопаат.

Но, Македонците си го знаат своето. Македонија низ вековите не е ни случајно ни попатно означена како земја на Македонците. Црквата на светите Кирил и Методиј не била случајно изградена од Јане Сандански - за еден Бог и за еден единствен  македонски народ со своите јужнословенски браќа просветители. Достојно посветените на слобода и правда за Македонците, го препознаваат телото на Јане. Неговото дело е и нивно, заедничко дело. Го носат во себе, низ историјата, и во ова пост-историско, пост-човечно време на ново ропство. 

Многу цареви подржувале уништување, делење и парчење на срцето на Балканот - Македонија, земјата на Гоцеви, Јаневи, Вапцарови, Александрови, Апостолски. И царот Фердинанд испраќа венец на гробот на Јане до Роженскиот манастир. Но, и тоа е лажна почест како и денешното мамење за влез во ЕУ, за Македонија да добие туѓ венец за сопствениот  демократски закоп. За тогашното лицемерие бил свесен и Никола Јонков Вапцаров, иако токму тој Македонец го положил венецот за спомен и слава на Јане.

Јане Сандански  и неговите браќа, припаѓаат на милионите Македонци кои раѓаат нови револуционери и водачи. Синови и ќерки и внуци македонски продолжуваат да се натпреваруваат и борат за совршенства на разумот и свеста против ропства диктирани од купопродажби во политички монополи. И во Првата и во Втората светска војна Македонците се носат со идеалите заеднички со Гоце и Јане: да имаат слобода и право на свое народно име и своја земја, Македонија, без лажно добронамерни околни покровители кои во соработка го подготвуваат нејзиниот погребен покров. Како и денес, кога наводно нови господари на светот, перфидно и’ немилосрдно им помагаат на Бугарија, Грција и Албанија да ја снема Македонија додека ја мамат со влез во ЕУ. Како и некогаш што ги мамеа македонските револуционери да го убијат Фердинанд во корист на Бугарските превртливи манипулации, дури и со своите владетели. Но, водачот и партиски преговарач за човекови права и слободи, Јане Сандански, сфатил дека Македонците одново ќе бидат изиграни од Бугарите. Не се сложил со анархистичкиот чин на анти-македонските Бугари да се убие царот. Затоа, Јане бил наседнат и лажно наклеветен кај Фердинанд, за да биде ликвидиран, и да се сокрие лукавиот, дволичен шовинизам на Бугарија против македонската свест за национален идентитет различен од бугарскиот.

Таа самосвест не е уништена, иако бугарските ловокрадци на вистината за Македонија, правеле бриши-пиши, пали-фрлај докази за македонскиот народ. Доказ е живиот македонски народ кој со својот Филипов, Александров и старословенски ген бил отворен кон сите народи, не бил ксенофобичен ниту во Отоманската империја ни денес, но,  одржувал соживот со население и од Турција, Албанија, Србија, Босна, Романија, Булгарија и Елада. И самиот цар Фердинанд ја има потврдено и запишано посебноста на Македонците во одос на Бугарите и другите балкански народи:  

„Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани кои зборуваат јазик подеднакво далечен, или ако сакате, подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички „татко“, кај Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“.

Денес Бугарија и ЕУ одново не ги следат фактите за Македонија согледани и од овој кнез и цар на Бугарија, Фердинанд Сакскобуршки (1887-1918). За да им слугува на новите владетели, Бугарија одново ја поништува правдата и аргументите за универзално признаените права на Македонскиот народ и земја. Но, доаѓаат времиња за правда за Македонија. Правдата доаѓа... иако задоцнето. Народи со исчезнато минато, чезнеат за својата изгубена иднина. Но, таква не ќе биде судбината на македонскиот народ. Ни во  униполарен, ни во мултиполарен свет, ниту под окупација на Вештачката интелигенција. Македонија е премногу драгоцена за да биде закопана во нови хроники на пеколот. И анти-македонската Олимпија му убивала и жени и наследници на Македонецот Филип. Македонските деца биле палени, распорувани од мајчината утроба, затворани, погубувани по острови. Но, преживеале и егзодус и мориња и грозоморни „меки и тврди етнички чистења“. Македонскиот народ останал верен на вистината за својата прапостојбина. И покрај сите агенди за негово уништување.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.