|
||||
СРЕДБА НА ДВАЈЦАТА АВТОРИ НА ПРЕАМБУЛАТА НА ЛЕТОНСКИОТ УСТАВ |
СРЕДБА НА ДВАЈЦАТА АВТОРИ НА ПРЕАМБУЛАТА НА ЛЕТОНСКИОТ УСТАВ Рига, Летонија 20 април 2023 Денеска во претседателската палата во Рига, македонскиот краснописец и професор по христијанска палеографија Георги Гоце Дуртаноски имаше прием кај летонскиот претседател Егилс Левиц при што му беше предадена краснописна верзија од Преамбулата на летонскиот Устав за претседателскиот кабинет по повод прогласувањето на 2023 гоидна како година на ливонскиот јазик и култура како и 100-годишнината од усвојувањето на првиот Устав на Летонија. Имено, ова беше средба на меѓу двајцата автори на Преамбулата бидејќи претседателот Левиц е автор на актуелната верзија на летонскиот устав, а Дуртаноски го изработи калиграфскиот транскрипт за првпат во историјата на летонската држава бидејќи досега се познати (постојат) само печатени верзии. „Во оваа уметничка креација се наоѓа целата колективна меморија и вековниот стремеж на летонскиот народ за државност„ – истакна Дуртаноски во инаугуративниот говор и додаде дека конечно краснописно/рачно напишаната Преамбула стигна таму каде е нејзиниот дом- во кабинетот на претседателот на Летонија. „Со големо воодушевување го примам овој уникатен подарок кој од денеска натаму ќе биде дел од претседателската палата, на мојот кабинет и на било кој претседател во иднина„ – рече претседателот Левиц во поздравното обраќање упатено кон Дуртаноски и подвлече дека „гестот на еден ‘странец‘ да ја напише преамбулата е за почит и важен сегмент за поврзување на народите на европскиот континент.„ Дуртаноски беше придружуван од ректорот на Европската христијанска академија проф.Скаидрите Гутмане која зборуваше за наставните програми на Академијата, меѓународно вмрежување на институции кои ги негуваат христијанските вредности и поголема инволвираност на наставен кадар од други земји со цел обезбедување поквалитетно образование за идните генерации. Проф. Георги Гоце Дуртаноски е македонски краснописец и директор на Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија во Рига каде предава неколку предмети по христијанска палеографија и активен лобист за Македонија преку концептот на дипломатија водена од граѓани. Што е напишано во Преамбулата на летонскиот Устав? УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ЛЕТОНИЈА ПРЕАМБУЛА Летонскиот народ, на слободно избраното Уставотворно собрание на 15. февруари 1922 година го усвои следниот државен Устав: Државата Летонија, прогласена на 18. ноември 1918 година, е формирана со обединување на летонските земји врз основа на непоколебливата желба на летонскиот народ за своја држава и неговото неотуѓиво право на самоопределување и загарантирано право на постоење и развој на летонската нација, јазик и култура низ вековите, гарантирајќи ги правата и слободите на летонскиот народ и на секој поединец. Летонскиот народ се избори за своја држава во Ослободителната војна. Системот на владеење е базиран врз Уставот усвоен на слободно избраното Уставотворно собрание. Летонскиот народ не ги признава претходните окупаторски режими на кои им се спротивстави и ја повраќа својата националната слобода и независност на 4. мај 1990 година врз претходно прогласениот/основен државен континуитет. Летонскиот народ ги почитува своите борци за слобода, им оддава почести како жртви на надворешни сили и влијанија и ги осудува тоталитарните комунистички и нацистички режими и нивните злодела. Летонија е демократска, социјално одговорна и национална држава основана врз принципите на владеење на правото и почитување на човековите права и слободи; Ги признава и заштитува основните човекови права и правата на етничките малцинства. Летонскиот народ ја штити својата сувереност, национална слобода, територијата и територијалиот интегритет и демократскиот систем на владеење на државата Летонија. Од древните времиња, идентитетот на Летонија во европскиот културен простор е формиран од летонските и ливонските традиции, летонската народна мудрост, летонскиот јазик и основните цивилизациски човекови и христијански вредности. Лојалноста кон Летонија и кон летонскиот јазик како единствен службен јазик, слобода, еднаквост, солидарност, правда, чесност, работна етика и семејство се столб на кохезивното/заедничко општествено уредување. Секој поединец се грижи за себе, за своите роднини и за општото добро на општеството преку своите одговорни дела кон другите поединци и полага свесна грижа за природата и средината и за следните генерации. Потврдувајќи го својот рамноправен статус во меѓународната заедница, Летонија ги штити своите национални интереси и го промовира одржливиот демократски развој за поширока/поголема обединетост на Европа и светот. Господи, благослови ја Летонија! Превод и адаптација од летонски на македонски јазик: Георги Гоце Дуртаноски |