|
||||
Мицкоски: Одлуката на Судот во Стразбур за 27-ми април е шамар за СДС и ДУИ |
Мицкоски: Одлуката на Судот во Стразбур за 27-ми април е шамар за СДС и ДУИ кои водеа политичка хајка против опозицијата
Стигна пресуда од судот во Стразбур за 27 април каде јасно се вели дека биле прегазени човековите права и притворот бил злоупотребен. Оваа пресуда е шамар за власта на СДС ДУИ која ја водеше најбруталната политичка хајка против опозицијата, а целта е јасна, не дека, луѓе кои и сега се по затворите се терористи, туку затоа што од власта правеа притисоци за да им поминат уставните измени. Неколку години потоа судијката која, и го водеше случајот стана синоним за она што денес преставува и се вика кацарска судството, распаднат судски систем кој е корумпирана алатка во рацете на власта, како и СЈО камшик во рацете на СДС и ДУИ кои се распадна поради неговата криминализираност, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Струмица посветена на здравството.Мицкоски укажа, стотици, би рекол илјадници семејства страдаа, а десетици своите најблиски ги испраќаа по затворите не затоа што се бараше правда, туку затоа што се водеше хајка. „Не велам дека луѓето од 27 април не употребиле сила, но ако за тоа лежат 200 години затвор, тогаш овие од власта треба да лежат 2000 години. Не може тие луѓе 200 години затвор, а Рашкоски на слобода, Рашковски на слобода, Ден Дончев со туце пари на летен одмор во Австралија, а ниту еден, ниту еден криминален случај решен. Ќе дојде ден кога сите овие ќе се соочат со правдата. А тие што ги водат овие хајки треба да знаат дека одговорност ќе има, за судиите, за обвинителите, за политичките субјекти кои нарачуваа брутални сценарија и ја газеа правдата и вистината“, заклучи Мицкоски. |