Вторник, 23 Мај 2023    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ веќе е на возот кон ЕУ

347247886 783130563481668 8744553036484979756 n

Мицкоски: Патриотот на батерии Ковачевски работи на редефинирање на Македонија и претворање во бинационална држава

Очигледно Ковачевски соочен со нискиот рејтинг и катастрофата која не може да ја поправи реши да биде патриот на батерии барем на 5 минути, па откако ги прифати сите бугарски барања да бидат дел од преговарачката рамка за ЕУ, што подразбира и промена на Устав, реши да облече квази патриотска наметка и да му одговори на Радев дека Бугарија го следела духот на Русија. Е сега има тука една контрадикторност. Ковачевски треба да се договори со самиот Ковачевски дали кога има потреба од патриотизам на батерии и му реплицира на Радев, Бугарија го следи духот на Русија, или пак кога не убедува дома дека уставните измени се толку прекрасни и неодминлив услов за чекор до рајот Европската унија. Зошто ќе се согласите не може едното и другото, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на трибината во Струмица посветена на областа здравство.

А што се однесува до оние повици од СДС да сме се качеле се на возот кон ЕУ, додаде Мицкоски, цело ВМРО-ДПМНЕ или еден дел, ќе му одговорам цело ВМРО не само дел, туку цело ВМРО-ДПМНЕ веќе е на возот кон ЕУ, а возот во кој се Ковачевски и ДУИ веќе е влезен во темниот тунел кој еднонасочно удира во карпа.

„ВМРО-ДПМНЕ, повторувам цело ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да биде дел од анти-македонскиот фронт кој го предводи не цело СДСМ, туку една тесна клика на СДСМ и ДУИ. Антимакедонски фронт  составен од спрегата ДУИ - СДС е качен на возот кој влегува во темниот тунел без излез.

Овој пат нема да го излажете народот. И лошо ќе завршите зошто ќе ви се случи народ. Не ми паѓа на памет да прифатам било каква уцена или притисок кој го имам, а го имаме многу и го држиме веќе година дена и ќе го држиме колку што е потребно по било која цена, ќе одиме до крај до конечна победа и нема попуштање“, посочи Мицкоски.

Според претседателот „нема никаква, ниту теоретска шанса да прифатиме уставни измени под вакви услови за Македонија“.

Мицкоски посочи дека уставните измени кои експертите на Владата ги тераат се во насока на бинационална држава, а  тоа Владата не го демантираше.

„Редефинирањето на Преамбулата на Уставот би бил еден вид национално предавство на оваа Влада која би ја фрлила државата на колена. Предупредувам, Ковачевски да не си игра играчки со уставните измени со кој ќе ја редифинира Македонија во бинационална држава, да престане да исполнува концесии кон ДУИ, затоа што плаќа прескапа цена за власта која ја има“, рече Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.