Четврток, 25 Мај 2023    PDF Печати Е-пошта
44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да гласаат за уставни измени

1milo3

Милошоски: 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да гласаат за уставни измени, а и најмалку двајца од владејачкото мнозинство се исто  против

Врз пратениците и врз раководството на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека има притисоци, некои посуптилни, некои подиректни  и некои може и граѓаните да ги приметат, рече Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

„Власта е таа која ургира кај странски претставници да влијаат врз опозицијата. Тие не зборат со нив за проекти, туку главно барање им е дојдете во Македонија и притискајте ја опозицијата. Но, 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за иницијативата за уставни измени, а и најмалку двајца од владејачкото мнозинство се исто така против уставните измени.  И на една координација меѓу Ковачевски и СДСМ и нивната  коалиција дошло до расправија дека овие пратеници рекле дека пред се би си дале оставка отколку да гласаат“, вели Милошоски.

Во оваа ситуација, додава Милошоски, Ковачевски однапред си прави алиби.

„Ковачевски кога ќе се види дека нема двотретинско мнозинство и меѓу неговите ќе му треба алиби“, посочи Милошоски.
 
Според него во работната група за уставните измени има несогласување меѓу Алијанса на Албанците и претставникот на претседателот Стево Пендаровски, едните бараат било какви измени, додека претставникот на Пендаровски рекол дека нема мандат да разговара за друго освен за внес на Бугарите во Преамбулата. 
 
Непромислениот, избрзано потпишан договор не само што создаде полоши соседски односи, туку  отвори низа на пандорини кутии. Во работната група, доколку еден ден и тие бидат чесни и ги објават записниците ќе се види дека имало размена на различни идеи за редефинирање на Преамбулата,  а со тоа и на уставниот поредок“, кажа Милошоски.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.