|
||||
Од ДУИ не очекував да застанат во одбрана на интересите за зачувување на македонскиот идентитет |
Дафина Стојаноска
Заклучокот од денешната лидерска средба е дека власта нема мнозинство од 2/3 пратеници за уставни измени, затоа потребни се предвремени парламентарни избори
Во денешното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа гостуваше пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска каде таа посочи дека заклучокот од денешната лидерска средба помеѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски е дека власта нема 80 пратеници, односно мнозинство од 2/3 пратеници за уставни измени. Таа смета дека ставот на ДУИ е по секоја цена да се реализира тоа што го ветиле Бујар Османи и Димитар Ковачевски. „Од ДУИ не очекував да застанат во одбрана на интересите за зачувување на македонскиот идентитет бидејќи на нив единствен примат им е влезот само во ЕУ а не знам дали така би се однесувале доколку беше во прашање нивниот идентитет, така да тие по секоја цена затоа ова го прифаќаат или пак сакаат да одглумат уште една жртва дека тие се подготвени на ова за да се направат тие уставни измени кои се ветени без согласност од опозицијата и македонскиот народ“, кажа Стојаноска. Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за широка влада за национално обединување за да се зачува достоинството на македонскиот народ и зацврсти македонскиот идентитет. „Она што би го прифатиле да влеземе во Влада со СДСМ и сите останати освен ДУИ е само заради овој ќор сокак од кој мора да се излезе бидејќи власта е своеглава и тврдоглава и не прифаќа дека единствено решение се распишување на предвремени парламентарни избори“, посочи Стојаноска. Таа додаде дека очекувано е да власта купува време затоа што времето им е неопходно затоа што власта знае дека повеќе нема да бидат власт. „Ние немаме сериозни преговарачи и политичари кои ни ја водат државата. Тие седнуваат на маса во потценета и подредена улога, велат кажете што барате а ние ќе ви дадеме. Тие не размислуваат дали на народот му одговара и дали се согласува“, децидна е Стојаноска. |