|
||||
Заеме да простиме, но простување со извинување и поклон пред бисти |
Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци: Во чест на ѕверски убиените деца во Ваташа отворивме 12 бисти, знаеме да простиме, но простување со извинување и поклон пред бистите Денеска 16 јуни 2023 година го чествуваме 80 години од ѕверското стрелање на 12 деца токму тука на ова место Моклиште од бугарскиот окупатор на ѕверски свиреп начин беа убиени 12 деца. Во нивна чест и во јубилејни 80 години од стрелањето општина Кавадарци заедно со Советот на Општината во програма изготви 12 бисти. Денес беа свечено отворени, а исто така се отвори и спомен соба во чест на децата кои беа стрелани 1943 година на 16 јуни.
Сите немале ниту 120 години заедно на денот на нивното стрелање, а тоа е еден човечки живот кој го има живеено еден човек. Така да, да се убие дете, да се стрелаат 12 деца е незаборавен чин. Меѓутоа ние сме народ, христијански православен кој знае да проштева, меѓутоа прошката ја бараме со она што значи извинување и поклонување токму пред овие бисти и споменик.
|