|
||||
Мицкоски од Ваташа:Бугарскиот фашистички окупатор овде стрелаше 12 младинци, слава им и никогаш да не ги заборавиме |
Денеска е посебен ден овде за Кавадарци и за Македонија и за жителите на Ваташа.
На ѕверски начин овие 12 младинци се убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна и тоа е чин којшто треба сите да не обедини. Тоа е чин којшто не треба никогаш да го заборавиме.
Јас сум свесен дека денеска голем дел од луѓето коишто се активни на политичката сцена во лов на сопствена политичка кариера и ден повеќе да бидат активни во политиката подготвени се дури и ваквите моменти да ги заборават, да ги избрусат, како што тоа го правеа многу пати во минатото со брусење на некои други хералдички знаци коишто се дел од македонското минато.
Но меморијата на овие луѓе никој не може да ја избруси, таа е вечна и таа се пренесува од колено на колено, од баба на внук, од генерација на генерација. Фактот е еден, а тоа е дека бугарскиот фашистички окупатор стрелаше во Ваташа 12 младинци.
Слава им и никогаш да не заборавиме!
|