|
||||
Резолуцијата во Германскиот Бундестаг е донесена како резултат на реакција на ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години |
Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДОМНЕ и пратеник во Собранието во своето денешно гостување во радио Лидер зборуваше за резолуцијата во Германскиот Парламент каде рече дека тоа е добра работа и е за поздравување и објасни зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност.
По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг прво јас сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рече тој.
Имено во врска со резолуцијата, Милошоски потенцираше дека причината поради која е донесена таа резолуција е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ каде ВМРО-ДПМНЕ неколку години наназад предупредуваше дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се загрозува онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години. -Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ пред година дена, две, три од 2017 година упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја која што ја потпишаа тогаш Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и кој и да беа во екипата за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години, вели тој. Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. -Како трето, би сакал да напоменам дека ова не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во Германскиот Бундестаг. Во 2004 година во очи на територијалната организација во Република Македонија, тогаш СДСМ во налет на доближување на претседателските избори сакаше да се додвори што повеќе кон Али Ахмети и се направи една територијална организација на општините, спротивно на волјата на мнозинството од населението во тие општини, се донесе резолуција во Германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули, едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но како што знаете тоа ниту во тогаш не се оствари, додаде Милошоски. |