|
||||
Среќен 33 годишен роденден ВМРО-ДПМНЕ, Среќен роденден партијо Македонска! |
ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни 2023 година со почеток во 18:30 часот на Летната сцена на Опера и балет, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“
Денес го нема основачот и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски и многу други наши сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, но, нивниот вмро-вски дух ни влева сила, надеж и волја да истраеме и да одиме само напред. Вечна им слава на сите! Родендените се моменти кога одбележуваме, се потсетуваме и прославуваме. ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 Јуни 1990 година, а основната причина за нејзиното основање е борбата за самостојна Македонија и стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20 век. Македонскиот народ не ја наведна главата во минатото, нема ниту сега да потклекне. ВМРО-ДПМНЕ и Македонија издржаа и поголеми предизвици, ќе го издржат и овој и Македонија ќе победи! Сите, независно од какви причини ја напуштија, да не ја заборават идејата заради која биле едно време основачи или членови, да не ја забораваат единствената идеја која сите ние ја носевме и ја носиме во срцата, а има едно име: МАКЕДОНИЈА! Изминаа 33 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Партија која е историски наследник на организацијата која дала многу жртви за вечниот идеал на Македонскиот народ за слободна и самостојна Македонија. И така на Македонија и е судена ВМРО, на Македонците им стана судбина ВМРО и како по аманет, ВМРО ја води секогаш моќен Македонец, денес на чело на ВМРО-ДПМНЕ е Проф.Др.Христијан Мицкоски. Уште една цврста гранка, здрав корен е на врвот на ВМРО-ДППМНЕ. Проф.Др.Христијан Мицкоски е прво Македонец, а потоа лидер на партија, чесен и достоен граѓанин на Република Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори за Македонија. А Македонија не е само тука, таа дише со секој Македонец по планетата земја. ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во народно движење, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш. АМИН! Среќен 33 годишен роденден ВМРО-ДПМНЕ! Среќен роденден партијо Македонска! |