Четврток, 22 Јуни 2023    PDF Печати Е-пошта
Аџиоски: Ставањето на црна листа на САД на Мерко од ДУИ е потврда за се што ВМРО-ДПМНЕ го зборува за ДУИ и зошто тие треба да одат во опозиција

dz8 Аџиоски

Најновото соопштение на Стејт Департментот го потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад го зборува, дека ДУИ е криминализирана структура.

Ставањето на Рамиз Мерко од ДУИ на црната листа на САД, е институционална потврда на сите сомнежи и афери кои ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ за кадрите на ДУИ.

Според соопштението на Стејт Департментот, Рамиз Мерко е вмешан во значителна корупција.

Дополнително се нотира дека Мерко како градоначалник злоупотребувал фондови, а се мешал и во судски постапки.

ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад алармира за злоупотреба на буџетски средства, а за тоа дававме и конкретни аргументи.

Истовремено со години алудираме на партизацијата во судството која се прави од страна на ДУИ и СДС. Дуизацијата на судството допринесе кадри на ДУИ да можат да влијаат на постапки, како што се нотира и во соопштението на Стејт Департментот.

Ова не е прв пат нашите меѓународни партнери да ја нотираат дуизацијата на судството, истото беше и со назначувањето на Ислам Абази за шеф на обвинителството за организиран криминал, кој беше фатен во друштво со цел врв на ДУИ, кои пред да излезат фотографиите тврдеа дека не го познаваат.

Ваквите соопштенија, извештаи и ставови на нашите меѓународни пријатели се уште една потврда на сето тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ мора да замине во политичка пензија. Таа партија мора да се исчисти од криминалните и корумпирани кадри, време е за промени.

Линк од видео материјал:

    https://www.youtube.com/watch?v=SneWXkl88IM

    https://wetransfer.com/downloads/9e818d22b83c9447629408e2fc71819f20230621090625/934159?fbclid=IwAR3ax7-59C8moCw7uQR1lZooeQjm2P91qiVNcEN8iOvmZif5Sj8SZEjJZgA

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.