Вторник, 27 Јуни 2023    PDF Печати Е-пошта
Власта не ги става на дневен ред уставните измени од страв дека и нивни пратеници дека нема да ги гласаат

129031 

Пренџов

Изминативе 20 дена на површина излегоа две клучни работи. Првата работа е тоа што на СДС помил им е ДУИ отколку Македонија и повеќе се грижат за просперитетот на ДУИ, а втората работа е тоа што СДС повеќе се секира дали и кога Бугарите ќе влезат во Устав отколку  дали и кога Македонија ќе влезе во Европската Унија. Овие две работи сега и се јасни на целата јавност, изјави пратеникот од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ Љупчо Пренџов за „Само вистина“ на Канал 5.

- Во поглед на уставните измени, Ковачевски изјави дека некаде до 17 јуни во Собрание ќе пристигне предлогот за уставни измени, но два дена после него Артан груби изјави дека до крајот на јули и зборот кој го кажа Ковачевски, гледаме не се стигнати. Ќе видиме дали Ковачевски или Груби одлучува Тука можеме да видиме кој и како ја контролира Македонија, додаде Пренџов.

Тој истакна дека суштината околу уставните измени зошто ги нема во Собрание, не е само заради тоа што опозицијата нема да ги гласа, најодговорно го тврдам тоа дека 44 пратеници нема да ги поддржиме, туку и стравот е од срамот што пратеници од владејачкото мнозинство нема да ги поддржат.

- Затоа зборот на Ковачевски не важи ништо во реалноста. Затоа ги нема уставните измени, бидејќи знаат дека од нас нема да имаат глас, ама не знаат колку од нивните нема да ги гласаат.  Ниту еден пратеник од тие 44 од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нема да ги гласа уставните измени под бугарски диктат, рече тој.

Пренџов исто така потсети на вчерашното писмо на бугарскиот претседател Румен Радев до европските институции дека нема да бидат само уставните измени.

- Радев вели дека уставот е само почетокот, потоа дека ние сме држава која има туѓа историја, дека нема своја историја. Бујар Османи потпиша протокол кој вели дека додека Комисијата за историја не заврши со работа, Македонија не може да стане членка на ЕУ, макар и сите други услови ги исполнила. Тука се работи за идентитет, историја многувековна на македонскиот народ, изјави Пренџов.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.