Понеделник, 03 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
Во Чешка е отворена изложбата INTERITUS MACEDONUM (Истребување на Македонците)

1smk1 4

По повод светскиот ден на бегалците и 75 години од прогонот на Македонците

од Егејскиот дел на Македонија во Чешка е отворена изложбата

INTERITUS MACEDONUM

(Истребување на Македонците)

РАНИТЕ И ЛУЗНИТЕ НА ДЕЦАТА БЕЗ ДЕТСТВО

По повод светскиот ден на бегалците (20. јуни) и 75 години од егзодусот на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија на границата меѓу Чешка и Полска е отворена изложбата INTERITUS MACEDONUM (Истребување на Македонците) од авторот Георги Дуртаноски.

Барокниот замок Линхартови на границата меѓу Чешка и Полска е домаќин на изложбата насловен Interitus Macedonum („Истребување на Македонците„) по повод 75 години од егзодусот на децата од Егејскиот дел на Македонија.

Автор на изложбата е Георги Дуртаноски кој околу замокот Линхартови и во градот Крнов постави уметничка инсталација на отворено со 20.000 црвени стапалки кои ги симболизираат крвавите стапалки на децата прогонети од своите домови во Егејска Македонија со испишано име и презиме на секое протерано дете заедно со името на неговото родно место со македонски топоним.

Изложбата се приопштува за поширока публика по повод денешниот меѓународен/светски ден на бегалците и ќе биде отворена за посетителите до 2. август (оваа година).

Изложбата е во организација на македонските заедници од Чешка и Полска во одбележување на 75 годишнината од прогонот на македонските деца од Егејскиот дел на Македонија.

Замокот Линхартови е избран да биде домаќин на овој настан бидејќи неговата судбина е како нашата поделена Македонија: објектот (замокот) се наоѓа на чешка територија а имотот/дворот се наоѓа на полска територија. Тој е неколку пати разурнуван и опожаруван и секогаш повторно блеснува со својата убавина.

Според архивските податоци градот Крнов во 1948 и 1949 примил најголем број на македонски деца од вкупниот број кои ја напуштиле својата родна земја.

1smk1 2

1smk1 1

Уметничкиот перформанс на Георги Дуртаноски насловен Interitus Macedonum („Истребување на Македонците„) покрај инсталацијата вклучува и изложба на фотографии и предмети кои го опишуваат тешкиот пат на децата-бегалци во непознат и неизвесен правец, некои од нив згрижени и преместувани дури во детски домови во три или четири држави.

Во изложбените витрини се сместени лични предмети на македонските бегалци како клучеви од нивните домови во кои никогаш не се вратија, торби за леб, ѓумчиња за вода, камчиња од нивните куќи/цркви во кои биле родени или биле крстен, капсули со вода од македонските реки во Егејска Македонија и многу други предмети кои автентично го отсликуваат нивниот живот од тој период.

Носечки експонат на овој дел од изложбата е „метлата за етничко чистење на Македонците од кралицата Фредерика„ претставена со црвена метла овенчана со круна и хемиската формула на напалм-бомбите.

1smk1 3

Изложбата ја отворија градоначалничката на градот Албрехтице инг.Јана Мурова и инг.Димитри Кирјаковски, истакнат македонски деец од Костур кој во 1948 година на 5 годишна возраст најпрво бил згрижен во детските домови во Полска и подоцна во Чешка.

Инг.Кирјаковски воедно е куратор на изложбата и беше ментор на Дуртаноски во подготовката и селекцијата на експонатите.

На фернисажот беше прикажан и филмот „Македонец„ од полско-македонскиот режисер и продуцент Петро Алексовски кој со свое лично присуство и проекција на филмот даде силна поддршка на овој проект по повод 75 години од прогонот на децата од Егејска Македонија. Петро е син на Мито Алексовски кому е посветен овој документарен филм, а  прикажани беа и други документарни филмови од архивите на националните телевизии на Чешка, Унгарија, Романија, Франција...

„Фокусот на оваа изложба е годината 1948 и евакуацијата на децата која започнала пролетта и траела до крајот на истата година (1948) како последица на воената операцијата „Коронис„ и напалм-бомбите со што Егејска Македонија беше претворена во пепел. Оваа изложба ја обработува траумата, страдањето и лузните на децата во нивните „нови„ татковини„ – истакна Димитар Кирјаковски - куратор на изложбата и сведок на тие настани.

Граноначалничката на Албрехтице инг.Јана Мурова ја истакна важноста на сеќавањето и почитта кон жртвите за подобро да го запознаеме минатото, а со тоа да знаеме да ја планираме иднината.

Авторот Дуртаноски го цитираше „факелот на чешката понова историја„ Јан Палах кој како саможртва во 1968/69 година поради руската воена интервенција во Чешка, непосредно пред смртта ќе рече: „Јас не се самозапалив поради Русите, туку поради пасивноста на моите сонародници Чеси од таа окупација„.

Дуртаноски го прочита и писмото со поддршка и сочувство до Македонците од Ким Пук – „напалм-девојчето„, симбол на виетнамското страдање од војната во која Американците фрлија напалм-бомби врз цивилното население во Виетнам во 1972 година.   

Петро Алексовски се задржа на мотивот да го сними документарниот филм „Македонец„ и со тоа да даде придонес во колективната меморија на македонскиот народ тоа да не се заборави но и да не се повтори, а мултикултурното општество го разбира единствено преку концептот секој да знае од каде потекнува да го негува својот јазик и култура, а  различностите да бидат мост на поврзување во Европа.

Прочитани беа писмата од академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите од Македонија, Ким Пук од истоимената меѓународна фондација од Канада, Соња Кировска, претседателка на здружението „Заборавени Македонци„ од Париз и голем број на македонски асоцијации, историски друштва и поединци од дијаспората.

Во одбележување на 75-годишнината од егзодусот на децата промовирани беа лимитирани поштенски пликови со логото на изложбата Interitus Macedonum, медаљони со мотив на деца во бегство придружувани од жена-мајка заедно со двата каталози од постојаната поставка на Музејот на Македонија за Граѓанската војна во Грција (1946-1949) преведени на чешки јазик и мемориска картичка со убавините на Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.