|
||||
Народот нема доверба во власта |
Тошковски: Народот нема доверба во власта, бидејќи од ден во ден се повеќе лаже, велеа дека сме почнале преговори уште пред 4 години, а сега не убедуваат да смениме Устав „Власта пред четири години кажа дека сме почнале со преговори со Европската Унија, за сега да не убедува дека треба да смениме Устав, за да почнеме преговори. Затоа народот нема многу верба во оваа власт бидејќи власта континуирано од ден на ден лаже, не ја кажува вистината, ја манипулира јавноста и се труди да го дефокусира македонскиот народ од се освен од оние теми кои се од интерес за нив“, изјави претседателот на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа. Тој додаде дека луѓе кои не ја сакаат државата не може ниту да ја менаџираат. Тошковски посочи дека луѓето што ја менаџираат државата не работат, не се професионални, не ја сакаат државата и затоа сме на ова дереџе на кое што сме. „За да дојдеме до нормални вредности и да направиме разлика на што е добро и лошо треба да се вратиме на нашата традиција од нашите предци и да ги вградиме во делот на професионалност, нови идеи и пред се да си ја сакаме и вратиме на државата Република Македонија, што ни овозможила да функционираме“, кажа Тошковски. Тој е дециден дека основната теорија на луѓето кои денеска се власт во Република Македонија е да чекаат да дојде некој од некаде и да ја просветли Македонија. |