Вторник, 04 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
СДС треба да објасни како го урниса судството
1lev7
 
Лефков: СДС треба да објасни како го урниса судството, како внукот на Али ја купи Соравиа, а не да зборува низ празни политички флоскули
 
Театар и де фокус од вистинскиот криминал кој ни се случува, вели Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на ТВ Телма запрашан како го коментира случајот Феникс за Скопје 2014.

Лефков потенцираше дека случајот Феникс доаѓа веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ во јавноста презентираше дека внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети се стекнал со 39 проценти удел во деловниот објект Соравиа без никаков влог, укажувајќи дека судството функционира како што ќе каже Ахмети и Груби.

Станува збор за случај врз кој што тие дојдоа на власт, се сеќавате на Шарената револуција и пораките. Мистериозно вештачењата стигнуваат ден потоа откако во јавноста ќе бидат пласирани некакви информации за скандали каде штп без никакви средства ќе се стекне удел во една атрактивна зграда во центарот. Сметам дека целата јавност е добро запознаена со тоа што значи судското влијание. Практично судовите функционираат на принципот ДУИ – Петрол се точи толку правда колку што ќе каже Али Ахмети и Артан Груби, смета Лефков.

Лефков му порача на Миле Талевски од СДС, наместо да е патетичен, да користи празни политички фрази и да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ, да одовори што сработиле како власт овие 6 години, укажувајќи дека ја задолжиле државата и граѓаните за 8 милијарди евра, а економијата е целосно крахирана.

Вие треба да одговорите како го урнисавте судството и сите други институции, треба да објасните како внукот на Али Ахмети купува во Соравиа со 0 денари доби 39 проценти од деловниот објетк. Наместо да постапувате со празни политички фрази, треба да објаснете. Од тогаш до денеска ја задолживте државата над 8 милијарди евра јавен долг и потрошени милијарди евра од буџет, а не направивте ништо. Има инфлација и цените се повторно покачени на прехранбените производи и овој месец, му порача Лефков на Талевски.

Вие треба да одговорите за Дрин Ахмети, а не да се криете пред македонската јавност. Излезе вест дека со нула проценти стекнал удел од 39 проценти во Соравиа, треба да одговорите како истото тоа момче добива на владина седница државна помош со ФИТР, како добива концесија за рудник. Тоа треба да им го одговорите на граѓаните, а не да се навраќате во 2014та година, изјави  Лефков.  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.