|
||||
ВМРО-ДПМНЕ една година подава рака за заштита на Македонските интереси и ЕУ интеграција, Османи и Ковачевски играа по бугарски ноти |
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше ДУИ и СДС да не влегуваат во договор под Бугарски дикатат, тие влегоа во договор и сега сите им се виновни само не тие. Откако ја заглавија Македонија, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да помогне, суетата на власта и подаништвото кон Бугарија очигледно се преголеми. ВМРО-ДПМНЕ го предложи Хрватскиот модел на Устав, кој беше спомнуван од власта, ДУИ и СДС одбија. ВМРО-ДПМНЕ излезе со два предлога: 1. Одложена примена на Уставните измени, 2. Избори на есен и барање гаранции од ЕУ институциите, барање Бугарија да имплементира 3 пресуди на ЕСЧП и финансиска помош за Македонија, ДУИ и СДС одбија. ВМРО-ДПМНЕ постојано подава рака заради Македонија, ДУИ и СДС константно одбиваат. Комуникацијата со власта е прекината. Нема друг излезе освен брзи предвремени избори на есен. Ако ДУИ и СДС не се само за заштита на своите фотелји, зошто не прифатат? |