Среда, 26 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
Мисајловски: Македонскиот народ сака гаранции за идентитетот и можеме да ги добиеме

1mis8

Мисајловски: Македонскиот народ сака гаранции за идентитетот и можеме да ги добиеме, затоа се потребни избори, а оваа власт ја интересираат само тендери и да се наполнат со пари

Направија договор кој треба да е добрососедски, а вметнати се прашања со кои се распарчува македонската историја.

Ова не е ЕУ, ова не се Копенхагеншки критериуми, ова не е она на што е создадена ЕУ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „За или против“ на Алфа телевизија и потенцираше дека потребни се гаранции кои ако се сака може да се добијат.

Мисајловски потенцираше дека  македонскиот народ треба да види гаранции за идентитетот, да види дека нешто што ќе постигнеме нема да биде бунар во кој постојано ќе тонеме и затоа треба да ги кажеме нашите аргументи.

- Ние конкретно велиме дека нон сенс е прашањето што е ставено прв пат во историја на било која земја кандидат за членство во ЕУ во која постојат комисии кои спорат дали бил Цар Самоил, Македонец, па да стигнат до Илинденците, па до сите што се бореле против фашистичката окупација. И тоа треба да биде обврска на Македонија за влез во ЕУ. Тоа е срамно и безобразно.

Бугарија утре може да рече или да прифатиме дека Гоце Делчев е Бугарин или нема да го продолжиме патот. Зарем тоа не е уцена? Затоа сме целосно против ова.  Не може таква работа да биде главна во овој процес и да ни го одредува патот, нагласи тој.

Мисајловски посочи дека треба да се бараат од  нас реформи во правосудството, исполнување на критериуми во земјоделието, екологијата, и така натаму, но не и историски прашања и затоа се бараат тие гаранции.

Може да добиеме гаранции, но треба да се сака.

Оваа власт не бара гаранции, ниту им е гајле.  Оваа влада е купи ден продај, да си завршат некој тендер, да се наполнат со повеќе пари, да уживаат во бенефициите. За разлика од нив, некој друг мисли како да се подобри ова држава, младите си одат, тие се разочарани од сето ова што се случува. Имаме проблеми во секој ресор, особено економија, нагласи тој.

Мисајловски додаде дека гаранциите се повеќе од потребни затоа што ако ги слушнете бугарските политичари, тие велат ова е почетокот, треба да се спроведе се во билатералниот договор.

Тоа е проблемот, што билатерално прашање се внесе во преговарачка рамка. Затоа ние бараме гаранции и ќе ги добиеме, но ни треба слога и ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на тоа.

Нешто што не е прифатливо за народ не треба да се прифати. Овој народ кажува дали треба нешто да се исполни или не. Затоа треба да има избори, рече Мисајловски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.