Понеделник, 21 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени под бугарски диктат се пропаднат проект, власта е делегитимирана, бараме предвремени избори
1vmro7
 
Во тек е Извршниот комитет имаме седница и ВМРО-ДПМНЕ уште на првата точка разговараше за актуелната политичка состојба, поврзана со предложените владини уставни измени во Собранието.
 
Првиот заклучок беше поддршка и благодарност од страна на Извршниот комитет за сплотеноста на пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои што покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати уставни измени под диктатот од официјална Софија.
 
Втората тема која што исто така ја разговаравме во овој контекст е апел и барање до претседателот на Собранието да не го злоупотребува Деловникот. Тој е таму на таа позиција за да се овозможи да се носат одлуки, без разлика дали одлуката и се допаѓа на власта или не и се допаѓа. Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат  и да се види дека оваа иницијатива е пропаднат проект на СДС и ДУИ.
 
И третата работа која што сметаме дека е политички исправна и потребна за Македонија во овој момент, е заклучокот на Извршниот комитет дека оваа власт е делегетимирана. Легитимитетот на СДС и ДУИ, не само во однос на уставните измени, но исто така и во економијата, образованието, пензионерите, студентите, стопанството, е целосно нарушена и не нудат решение, туку создаваат повеќе проблеми.
 
И затоа сметаме дека излезот од ваквата состојба би биле предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се договори со консензус на сите политички партии, да ги направат во најкус можен рок потребните измени и дополнувања на Изборниот законик и да одиме на избори за да може граѓаните кои го носат суверенитетот да ја донесат одлуката за решенијата за ваквата проблематична состојба во која што власта ја донесе Македонија.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.