Четврток, 24 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ОМД бара Ескобар да се залага за правата на Македонците во Бугариј

1omd

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечката организација на македонците надвор од Македонија, испрати писмо до Американскиот заменик-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар и побара тој да се залага за правата на македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје. Повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот.

За потсетување, Бугарија има 14 пресуди од Европскиот Суд за Човекови Права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство. Хипокритично е да се бара заштита на правата на малцинствата кај членка кандидат а да се занемаруваат правата на малцинствата во полноправна членка како што е Бугарија.

 

Бугарија треба македонците да ги стави во својот Устав.

 

Исто така, по контроверзната посетата на Косовскиот премиер Курти во Македонија, ОМД испрати уште една комуникација до господинот Ескобар и побара да даде изјава дека САД не поддржува иридентистички идеи и промена на границите во Балканот. 

 

Во тој допис ОМД ја искористи можноста да го потсети Ескобар дека македонците не се “северномакедонци” и дека македонците не се само “православен народ” како што Ескобар не има наречено во интервјуа во минатото. Македонскиот народ е разнолик, со луѓе од различни вероисповеди, иако мнозинството се православни. 

 

САД е иницијатор и потписник на декларацијата на човекови права на Обединетите Нации која полни 75 години во декември. САД има должност да го брани и правото на самоопределување и човековите права на македонскиот народ, како што тоа веќе го прави многу погласно за некој од другите народи во регионот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.