|
||||
Коленичат по светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овдека во Македонија и ја притискаат да прави тортура и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ |
Мицкоски: Владата не може да ги испорача работите кои што ги презела, затоа што на тој начин мислеа дека ќе останат ден повеќе на власт, за да можат да крадат На тие состаноци коишто изминативе месеци се случуваат сигурно дека ние не читаме поезија, како што тоа го кажав веќе во неколку наврати изминативе денови. Тоа се состаноци на кои ние аргументирано ја браниме нашата позиција, ја браниме позицијата на огромно мнозинство македонски народ и огромно мнозинство македонски граѓани и она што е најважно ВМРО-ДПМНЕ како партија за македонско национално единство нема друга опција, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Гази Баба одговори на новинарско прашање за можни притисоци во насока на уставните измени. Во едно такво отсуство тие одат коленичат по светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овдека во Македонија и ја притискаат да прави тортура и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку ВМРО-ДПМНЕ и врз огромното мнозинство граѓани во Македонија“, потенцираше Мицкоски и додаде: „Навистина можам да ги разочарам дека такво нешто нема да успее и тоа беше јасно уште на 18-ти август кога се гласаше дневниот ред во парламентот, но и претходно кога на уставната комисија се гласаше потребата за уставните измени. И таму беше јасно дека владејачкото мнозинство нема две третини“. |