Петок, 08 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Марија Емилија Кукубајска: СРЕЌЕН ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА, МАКЕДОНИЈО!

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

(Хепатија, самопрогласена свештеничка-проститутка  во пагански храм, 4-3 в.п.н.е) 

СЛАВИМЕ И ПРОТИВ ХЕПАТИИ И ХИПОКРАТИИ

Лажни пророци се издигнувале, дрогирале и учени и припрости вљубени во перверзирани верзии на вери и убедувања. И во стар и во нов век, и на стар и на постар континент, Хепатии предавале за „љубов и слобода“, а се препродавале и себе и народ, следбеници. Слободата им била сабја за генитална моќ преку блуд во храмови на измамата, а од жртвите барале да ја прогласуваат за генијална - за моќна ноќ, за маѓија што владее закрилена со змиска кожа, покрај лукав був, во ложа на  дворогиот господ-Ар.

Хепатија и заведените, и ѕвезди вртеле против оние што се бистро блескави небесни дела, што се без подземни и надземни кошмари како нивните. И на сонцето му завидувала пакосната, мрачна, мачна, врвно бедна, а за сезнајниот и семоќен Бог - безвредна Хепатија. Пресметувачка на ликвидации за секој што не и’ се покорува, а самата не знае да одброи години од Стариот Завет ниту дистанци меѓу космички тела. Танчерка со интриги за секој што нејзините лаги ги разорува со севидливо око на правдата. Ќерка на убиец на вистини, со ќерки од повеќе жени, таа продолжува преку 1001 г-рев во храмот на арамот, мажите да ги прска со грешни води, и во транс да ги води во невидени гревови, или засекогаш да ги отпишува од храмови најверните, невидено учените и убавите суштества на векот.

На врвот на јазикот носи зијан, злоба, и со закони на измамата шири учења за уметноста на крадење духовни дела. Неуките ги гали по рамо, а зад грб им зарива трозабец, за да не ја потсетуваат дека му служи на Мајсторот на илузии. Со него се здружи, за да не ја стигне клетва дека сама си увеличува моќ со сончева бура во демонска ноќ. Бакнува нозе и на црковни фарисеи, глуми и лажно следи нивна постапка, згрозена и од сопствената лукава одлука, па се сокри и исповраќа секоја божемна вистина за нејзината важна в-ера.

Хепатија само навидум останува сама. Од сите страни на нејзините х-рамови надоаѓаат лица сведоци за нејзините срамови украсени со нејзини злодела. Следбениците што беа против неа постанаа огледала на нејзината измамничка похота без мера, гладна да ги проголта живи, да им сожвака и дела и тела, да ги закопа по ниви во сопственост на нејзиниот брат Брут. Но, и тој и’ се заканил да ја от-фрли онаму од каде дошла, во Баал-ов скут и во лажни вражни евангелија.

Хепенинг ли е ова на Хепатија, или самоодбрана во нејзиниот бесрамен храм!? Ослепела ли!? Кон погрешен народ сега се врти да бара љубов, кога љубовта и’ се чини грешна, омразена, згазена - од самиот Создавач на Љубовта?! Љубовта е несебична, Хепатијо!? Се зароби ти во слободата на злото. Мудроста се усовршува од инстинкт на добрината, не од распадна телесна доволност и задоволност. Вредноста не доаѓа од ноќно споулавено трчање по потписи од глумци – за да влезеш во академијата на змијата моќ што вее со опашката.

А не беше ни убава ни умна. Ама мислеше дека си, и затоа и до денес страдаат сите твои неистомисленици. Да ги снема тие сведоци занемени од тебе. Бабо на банални баханалии, со голи љубовници во смрдлива фонтана кај Мелисејска Книга, со флертови и фолирања криени во прељубни мистерии. Материјалистичка освојувачка на похотни телесни територии, завидлива на верните во брак, сеуште се замислуваш дека е скриена твојата  еротска игра со пресметливи предавници. Природата, и преку луѓето и директно,  скаменува, пеоплосува проституирани напаѓачи на ангелите. Каде поголема понизност од твоето понижување пред сатанизирани следбеници. Имагинарната девственост ти остана во измислено наследство на лукавата игра. Божици на природата бараше на најпоГрешно место, во телото земно обземено со безумно силување на правдата. За тебе она што е долу е горе, она што мислиш дека е возвишено, суштински е лишено од душа. Бројките ти’ служеа за списоци на врисоци од твои злодела над жртвите. Бројките ти служеа и за списоци на увезени-извезени кожи и дроги со кои си умножи профити во безбожни храмови, на троножни арам-тронови, демонови дронови против верен народ.

Толку Хипатија е опседната со своите ваги за мерење на лаги и кражби, та заборава дека  се издава: Телото, јазикот, и’ останале тајна – раскажува. Тајна за што? За освојување на нова слобода да греши? Таа „шарена жена“ подоцна се реши да се теши, да се крие од стигмата: полубремена полудевица, полупевица, полу ѓаволска левица премачкана со бои што ги нема ни во виножитото, зашто не и’ биле доволно космички возвишените. А од неа биле лишени трајните закони на Природата. Или си светлина или темнина. Или си човек или ѕвер. Или машина за убивање на души или дожд против суши. Во едно време на старата смрт комунистичка, лажно младата Хипатија и самата била мал диктатор без жал, без срам. Од чесниот народ биле омразени нејзините космополитски нијанси и финеси.           

Како можеше, како смееше верата да и’ се одмили; или е верник или не е. Но е - заштитник на неверници, заводница на измамници. Имала и страв и трепет во градот на Александар Македонски!? Та и’ самата мразела се’ што е вродено верно, македонско. Таа - заповедник, издавач на потерница да се убие тој што со чиста вера го проучувал Александар Македонецот, таа која изрекла клетва - додека е жива нема да му даде простор во „нејзин“ арам храм. Ако гледаше однапред, ако имаше и докази и визии за непријателите на Бог,  зошто дозволи вистината да биде испокината пред нејзини очи, на „нејзин“ лажен олтар на промени ката-клизмични. Не. Боговите не молчат!!! Но таа не сака да чуе за нив. Се смета за божица со ножица за касапење судбини на невините генијалци. 

Бил гиљотинер ученикот на нејзиниот ѕвер. Но, и тој се освестил од нејзините, од вашите ѓаволи, интерни и екстерни, патолошки влошки за вас, бескрвните б-лудници на новото зло. Ѓаволот не е само феминист. Тој е ист, одсекогаш камен-леон. Кај него, кај неа, не постои драги мои, само робови мои. Хипатија ги пизмеше, ќе ги шизнеше, ќе ги фрлеше и нив во јама на жртвите во име на нејзиниот Ба-Ал. Но, имало, и има крај и на тој ал. Природата и’ враќа. Знамиња и’ праќа. Но, таа и натаму народ обвинува, народ кој го предава во отровни песни на Змијата што пее за победа на анти-народот.

Се знае, Хепатијо, како преживуваат престапници, одметници од човечноста. Твоето место во твојата космологија ти самата брзаше да освоиш преку застранети страни порти и портали, анали и канали... преку се’ каде ќе те слават тебе, а не постоењето на татковината на вечната љубов. Не се знае колку души имаш украдено, колку вери откорнато, извадено, отфрлено, забрането од Божјите плодородни македонски ниви. Сега ти останува само твојата слобода да правиш се’ посилно зло, зашто идат се’ поголеми сурии од твоите преостанати, нараснати следбеници, демонизирани, партизирани, со тебе хомогенизирани љубовници на фолирантски цинизам и егоцентризам. Дали народот ќе сака да знае за тебе, освен еднооките енц-киклоп-едии? Не ќе те спаси ни твојата комарџиска, користољубива математика, ни твоја новодобска пост-хумана астрологија, ни неодбранета филологија. Само Природата, само Сезнајниот и Семоќен... тој ќе ти суди, немилосрдна танчерке со надминати значења и употреби на јазици од двете усни. Доста бладаш со врвови и со дна на својата пеколна уста полна саќе отровно. Доста и народ и бог лажеше! Остави не’, вистини да славиме. А не министериуми, баптистериуми на вашите вештерства. Александрија нема да загине, иако ти си играш пиши-бриши туѓи теории без истории на вредноста вселенска. А толку посакувавме да веруваме дека ќе научиш човек да бидеш.  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.