Среда, 13 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Стефковски: Толеранција нема да има за никого!

3598186

Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба

Откако граѓаните ми ја дадоа довербата да бидам градоначалник кажав дека единствено ќе им служам на граѓаните и компромис со почитување на законот нема да правам

Изминатиот период до мене се упатуваа директни и индиректни закани по мојот живот и безбедноста на моето семејство. Од 11.09.2023 година, слободно можам да кажам дека  доведена во прашање е мојата лична безбедност.

Сето ова доаѓа како последица на реализацијата на акцијата која општина Гази Баба ја спроведе со асистенција од Министерството за внатрешни работи за рушење на дивоградба изградена на државно земјиште во населеното место Инџиково, локација за која во завршна фаза е урбанистичко – планската документација со која на тоа земјиште се предвидува изградба на детска градинка за жителите на Инџиково.

За време на водењето на постапката, лицето кое ја градеше дивоградбата директно преку инспекциските служби, но и индиректно преку луѓе до мене упатуваше закани по живот.

Вчера наутро по моето пристигнување во просториите на општината од страна на службите бев известен дека е забележано присуство на лицето кое го градеше објектот пред капијата на општина Гази Баба, а во дворот непосредно до влезот во бараките на општината во близина на моето приватно возило се забележани двете лица со кои лицето кое го градеше објектот доаѓало на неколку пати во општината и во чие присуство ги упатувало заканите кон мене и вработените во инспекциските служби. Нивното присуство во општината траеше подолго време, што беше очигледно дека го очекуваат моето излегување.

Во текот на вчерашниот ден доставив пријава до надлежните институции заедно со фото – документација од целиот случај и што очекувам соодветна реакција од нивна страна.

Сакам јасно и недвосмислено да ставам до знаење дека не се плашам, ниту пак сето ова ќе ме поколеба во определбата да се спроведуваат и почитуваат законите, како и да се служи на граѓаните.

Од првиот ден кога Вие граѓаните ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник, кажав дека ќе им служам единствено на граѓаните на општина Гази Баба и дека компромис со почитување на Законот нема да правам.

Секој што ќе постапи спротивно на Законот по однос на надлежностите на општината, без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност ќе си сноси одговорност.

Толеранција нема да има за никого!

Сакам да се заблагодарам на големиот број граѓани кој по објавување на веста во медиумите за ваквите настани испратија пораки со силна поддршка до мене!

Превземено од ФБ на Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.