|
||||
ВЕСНИК ПОЛИТИЧКА СЛОБОДА 1898 г : "ШТО САКА ВРХОВНИОТ КОМИТЕТ? |
Членовите на Македонскиот револуционерен комитет (МРК), во весникот "ПОЛИТИЧЕСКА СВОБОДА", Софија, 8.03.1898 год, многу јасно се спротивставиле на завојувачките стремежи на Врховниот македонски комитет, што всушност бил едно орадие на Бугарската влада. Затоа МРК во наведениот весник изнесува: „ШТО САКА ВРХОВНИИТ КОМИТЕТ? ТОЈ САКА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ТУЃА СИЛА И НЕЈЗИНО СОЕДИНУВАЊЕ КОН КНЕЖЕСТВОТО БУГАРИЈА. НИЕ НЕ ГО САКАМЕ ТОА. НИЕ СИНОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, СИНОВИТЕ НА ПОРОБЕНИИТ МАКЕДОНСКИ НАРОД, НИЕ ЧЛИНОВИТЕ НА МРК, НИЕ САКАМЕ ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ДЕЛО НА САМИОТ НЕГО, А НЕ ДА МУ СЕ ПОДАРИ ОД КОГО БИЛО И ДА СЕ СТАВИ ПОД НЕГОВА ЗАВИСНОСТ... ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА СО ПОЛНА, НЕЗАВИСНА И НАЈШИРОКА СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД". Еве ја целата слика на нештата на крајот од19 век, која Бугарите ја премолчуваат. За жал денес во независна Македонија имаме пресликана состојба. Денес "врховисти" се дел од актуелните функционери, кои ги прифаќаат сите погубни барања од Бугарија, а Македонскиот народ ја презема улогата на МРК да го штити Македонскиот идентитет и јазик, историското и културното наследство. Иако веста е од бугарски медиум, баш би сакал да видам дали и сега Бугарите ќе излезат со тврдење дека Тито режирал измислување Македонци. Превземено од Проф. Др. Б. Светозаревиќ "МАКЕДОНЦИ..." и од Macedonia : a TES. |