Среда, 20 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ води 3 спрема 1 против СДСМ

images

Николоски: Последната анкета која ќе излезе деновиве покажува дека ВМРО-ДПМНЕ води 3 спрема 1 против СДСМ и на следните избори самостојно ќе освои над 61 пратеник

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото интервју на телевизија Шења го истакна уште еднаш ставот на партијата дека партијата е монолитна и обедината, како никогаш досега, што го постигна оваа партиско раководство на чело со претседателот, Христијан Мицкоски кои од валандовскиот Конгрес наследија партија која беше речиси пред затворање.

„Партијата е монолитна и обедината а тоа, всушност и се гледа. После валандовскиот конгрес во декември 2017 година, ние наследивме една партија која што имаше претрпено огромен пораз на локалните избори, практично скоро и ништо да не освои, беше надвор од Собранието, паратениците го имаа напуштено Парламентот, имаше неколку пратеници во притвор, целосно урнисани односи и позиции кај меѓународната заедница, со отворени судски процеси и со мастер план, чиј што автор беше Радмила Шекеринска, за што сум зборувал и јавно, за затварање на партијата. Тоа е тоа што го наследивме“, рече Николоски.

Николоски додаде дека од една таква, на некој начин деградирана ситуација, сега ВМРО-ДПМНЕ е во ситуација на сите релевантни анкети, како и последната која треба да излезе за неколку дена, од позиција на опозиција да води три према еден против владејачката СДСМ.

„Од една таква ситуација ние сме сега во ситуација да последните анкети, еве можам и премиерно да кажам, ќе излезат деновиве од релевантни куќи кои впрочем не работата за ВМРО-ДПМНЕ, кажуваат дека разлика е веќе три спрема една меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Никогаш во опозиција ниедна политичка партија немала три спрема еден кон владејачката партија. Така што, тоа е за состојбата во партијата, во однос на избори, секој може да се проба на избори ние сме демократска држава и може да види што мислат граѓаните за него, јас ги охрабрувам сите кои што мислат дека  може да добијат поддршка  од граѓаните, да излезат и да се натпреваруваат на избори“, истакна Николоски.

Според неговите проценки, ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори самостојно ќе има над 61 пратеник.

„Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има самостојно над 61 пратеник, тоа не е невозможно, што е исто така силен резултат од опозиција. Друго е од власт да го постигнете тој резултат, друго е од опозиција.

Така што ако требе, еве денес да дадам моја проценка, ВМРО-ДПМНЕ или ќе биде блиску или ќе помине над 61 пратеник на следните парламентарни избори“, рече Николоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.