Недела, 01 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски на конференцијата на Унија на Ветерани: ВМРО-ДПМНЕ е градена не врз елити, пари и блескава моќ, туку врз кауза, верба и борба која му припаѓа на народот

1nail3

Генерациите кои ги наследија илинденците ја наследија и градеа идејата за ВМРО, тие пак потоа ја чуваа организацијата, која се обнови кога дојде незавиноста. ВМРО-ДПМНЕ дојде како природен след на нештата зошто каде е Македонија секогаш таму ќе биде и ВМРО, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на денешната годишна конференција на Унијата на ветерани.

Мицкоски потенцираше дека ветераните на ВМРО-ДПМНЕ ја имаа можноста и честа да бидат првите кои во свои раце го имаа предизвикот да создаваат држава.

- Со сите перипетии, светли и темни страни ВМРО-ДПМНЕ како легитимен наследник на идеите на ВМРО ја имаше неизбришливата трага во создавањето на независната македонска држава. И не е доволна само идејата, туку се потребни и луѓето да ја носат идејата. И тогаш, на почетокот на деведесеттите не беше лесно да си ВМРО-ДПМНЕ затоа што противник беше еден гигант и комунистички апарат граден со децении, проектиран за уништување и разбивање на секоја слободно мислечка идеја која е антипод за она што беше слово за ВМРО-ДПМНЕ своја држава, слобода, институции независност. Генерации Македонци беа жртви на комунистичкиот режим, во таа нималку лесна ниту пак рамноправна битка влегоа првите членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои јас оддавам почит. ВМРО-ДПМНЕ не е на еден или двајца таа му припаѓа на народот, и на Македонија, рече тој.

Мицкоски истакна дека не треба да се заборави дека оваа партија е градена не врз елити, пари и блескава моќ, туку врз кауза, верба и борба која му припаѓа на народот.

- Мудроста и силата на ВМРО-ДПМНЕ не е во тоа колку имот поседува, туку во народот, белите глави пред мене, и институционалната меморија за нашата посветеност и борба за Македонија. Оддавам почит за улогата за секој еден член на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ. Секој од вас има посебно место и заслуга за развојот на ВМРО-ДПМНЕ. И во име на тоа секако дека заслуга има секој член или поранешен претседател на раководствата на партијата изминатите 34 години, потенцираше Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.