|
||||
Мицкоски: Сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија |
Мицкоски: Сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија што секогаш било поддржано и од руските влијанија, овој диктат со кој не условуваат е продолжение на таа политика Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор потенцираше дека сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија што секогаш било поддржано и од руските влијанија, овој диктат со кој не условуваат е продолжение на таа политика. - Гледано низ историска призма борбата на секоја генерација на секој народ е да обезбеди и освои подобри и нови позиции нормално сето тоа е потребно за да има подобри влијанија за својата држава. Оваа генерација не само што не обезбедува нови победи и подобри позиции, туку ги губи и оние кои ги стекнале минатите наши генерации. Ние од постоење на Бледски договор потпишан 1947-та година кој се случил помеѓу тогашна комунистичка Бугарија и тогашната федерација во чија составен дел беше Народна Република Македонија, каде се разговара и договара признавање на културната автономија и идентитетска потврда на Македонците во Бугарија, стигнавме за само 7 децении подоцна до позиција на одрекување од Македонците во Бугарија, притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат и редица отстапки кои се во насока на себеодрекување, изјави Мицкоски. Тој посочи дека повторно по којзнае кој пат Европа е доведена во заблуда од стана на криминални политичари во Македонија и на Балканот исполнувајќи ги бугарските интереси за жал е заложник на руската политика на Балканот, додека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш во историјата биле и се стремеле и имале прозападна ориентација. Немало дилема од самото формирање до ден денешен. - Ќе ве потсетам на Сан Стефано на договорот помеѓу тогашните министри за надворешни работи на Русија и на Отоманската империја, кога Русија и ја подарува денешна Македонија на тогашна Бугарија, која патем речено не била ни држава туку автономија во Османлиското царство. За наша среќа после со Берлинскиот конгрес овој договор е поништен. Не така одамна 1947 година во Блед е потпишан договор со кој Бугарија се обврзува да признае културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија, западна Бугарија тогашна и тоа го прави со дела. Повеќе од 70 учители од тогашна Народна Република Македонија која е рамноправна република во тогашната федерација ги учат нашите дечиња Македонци во Пиринска Македонија во Западна Бугарија. 1947 година е отворен Македонски народен театар каде имало претстави на македонски јазик. Македонскиот јазик бил факт и не бил оспоруван од никого, рече Мицкоски. Мицкоски додаде дека сето тоа потоа било отфрлено по налог на Сталин, а денес Тодор Живков да бил жив ќе бил сигурно многу горд и на Димитар Ковачевски и на Бујар Османи, можеби ќе биле најблагонадежните Бугари, затоа што дури ни бугарското раководство не можеше да замисли дека некој може да стави потпис на таков договор. Мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот. |