Вторник, 10 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Ни треба обединување и силна победа за да го трансформираме општеството и да ја надокнадиме штетата што ја направи владата на СДСМ и ДУИ

1mick90

Изјава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со граѓани на Општина Василево

Сите ние сме сведоци за тоа што Македонија се движи во погрешна насока. Сите ние сме сведоци на катастрофата во здравството, учениците немаат книги, а почната е учебната година и веќе месец и половина помина. Сведоци сме како печалат на смртта на граѓаните после оној случај кој што беше на клиниката за Онкологија. Имавме средба и во Радово со земјоделците. Луѓето мака мачат да го продадат родот свој, а и тоа што го продаваат го продаваат по екстремно ниски цени и на нивниот грб печалат прекупците, трговците. Денеска ги гледаме низ Македонија пензионерите како ни протестираат, не можат крај со крај да врзат, а да не зборуваме за младите. Доаѓам од една средина како универзитетски професор, средина каде што после дипломирањето најголемиот дел од дипломираните инженери одлучуваат да ја напуштат Македонија затоа што не гледаат иднина, не гледаат визија овдека, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со граѓаните на Општина Василево во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Мицкоски додаде дека за да се промени ваквата лоша состојба и бесперспективност во државата потребно е обединување околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ за да се обезбеди што поголема победа со цел да се трансформира општеството и да се надокнади сето тоа што е уништено во изминативе 6 години.

„Сето ова нас не обврзува да обезбедиме национално единство, да се обединиме сите ние и на следните парламентарни избори обединети да победиме со мнозинство во Парламентот и да одвоиме 61 пратеник, затоа што победата на ВМРО-ДПМНЕ денеска никој не ја доведува под знак прашање. Сигурно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе победат, но нас ни треба силна победа каде што ќе можеме да испорачаме многу реформи со коишто ќе го трансформираме општеството, ќе направиме трансформација на општеството. Не ни требаат ситни чекорчиња. Нас ни требаат крупни чекори за да можеме  да го трансформираме општеството и да го надоместиме сето она кое што изминативе шест години е уништено“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Затоа јас ве замолувам на една мобилизација, на една масовност, на едно обединување околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните парламентарни и претседателски избори“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.