Среда, 18 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
На криминално-мафијашко ниво било печалено на смртта на граѓаните

1bna1

Мицкоски: На криминално-мафијашко ниво било печалено на смртта на граѓаните, прашањето е зошто МЗ во одреден момент ја објавува набавката, без притоа да добие позитивно мислење од ФЗО

Станува збор за грозоморен и монструозен скандал кој еволуира во моментот кога КАТО системот не е ставен во функција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Гевгелија која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Тој поедноставено ја објасни процедурата, односно што се случувало на Клиниката за онкологија.

„Постојат основани сомневања што во суштина се случувало. Кога пациентите на Клиниката за онкологија влегуваат во онаа терминална фаза, а тоа е фаза кога губат на телесната тежина тогаш дозите кои се аплицираат пропорционално се намалуваат, односно количината која се аплицира постепено се намалува. И наместо тоа да го прават дел од луѓето кои се дел од скандалот, а се таму вработени фиктивно ги зголемуваат тие дози и дел од тие дози завршуваат во нивните џебови и потоа се препродаваат“, кажа Мицкоски. 

За потсетување, додаде Мицкоски, една таква ампула чини помеѓу три и три и половина илјади евра. Според Мицкоски тоа е суштината на наједноставен начин прикажана, траорна, но јавноста заслужува да знае.

„Зошто тоа се правело, затоа што на тој начин се трошеле повеќе ампули, поголеми средства се одлевале, снабдувачот, веледрогеријата била задоволна бидејќи таа продавала по повисоки цени, а од друга страна на едно примитивно криминално мафијашко ниво било печалено на смртта на наште сограѓани и она што заслужува внимание и она што треба да привлече внимание е тоа, зошто директно, централизирано Министерството за здравство  во одреден момент ја објавува набавката без притоа да добие позитивно мислење од Фондот за здравство“, рече Мицкоски.

Мицкоски се осврна на моментот што опфаќа КАТО методата, и објасни дека тоа е отчитувач на бар кодот на секоја ампула. Тој додаде  „но и тоа не е доволно зошто може да отчитате, а да не аплицирате, но и тоа не е доволно ако не постои физички доказ  дека таа била аплицирана“.

„Затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ има намера ова се да биде дел од позитивната листа и ампулите кои ќе бидат аплицирани и отчитани преку КАТО методата да бидат сочувани како материјален доказ дека вистински биле аплицирани, а не да завршуваат на црниот пазар тоа  се случувало и затоа ја охрабрувам Анкетната комисија во нејзината работа и мора да има виновник. Колку за информација во последните 10 години одредени веледрогерии наплатиле околу половина милијарда евра, тоа е траорно и затоа денес ни се случува да заминуваат младите, цели семејства и да имаме богаташи кои може да конкурираат на светски листи“, рече Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.